Автор: инфодеск
Views: 261Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 19.03.2026 година, донесе Одлука за измена и дополнување на ГУП за УЗ 11 УБ 11.1 и ДУП за УЗ 11 УБ 11.1 опфат 3, Oпштина Охрид.Повеќе информации на линкот.
Бесплатно психолошко советување во Црвен крст Охрид
Views: 265 Црвен крст Охрид започна да нуди бесплатно психолошко советување.Советувањето се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување, а сите аинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615.Од општинската организација на Црвен крст додаваат дека оветувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник, а потенцираат дека го организираат во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.
Oхридските шахисти постигнаа одлични резултати на Државното првенство за oсновни и средни училишта
Views: 386 Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Шаховската федерација на Македонија, на 19 март 2026 г. во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.Учество зедоа вкупно двесте учесници од целaта држaва. Охрид имаше седумнаесет свои претставници.Екипата на охридските шахисти, предводена од наставничките Валентина Караѓуле Модева и Кате Бујароска Анѓелеска, се врати со две сребрени медали на најдобро пласираните: Елена Лушеска (ОСУ Св. Климент Охридски) во категорија – средни училишта...
Охрид SOS бара воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар
Views: 207 Од Граѓанската иницијатива Охрид SOS информираа дека доставиле барање до МЖСПП и Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар.– Врз основа на Законот за водите (Службен весник на РМ 87/2008 и понатамошните измени), конкретно член 98 со кој се предвидува задолжително воспоставување на санитарно-заштитни зони за водни тела кои се користат или се наменети за снабдување со вода за пиење, со овој допис формално иницираме започнување на постапка за утврдување и прогласување на санитарно-заштитни зони околу Билјанини...
Неколкучасовен прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Views: 297 Неколкучасовен прекин ќе има во водоснабдувањето кај корисниците на дел од улиците „АСНОМ“ и бул.„Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.Прекинот од 9:30 часот е поради интервенција на водоводната мрежа, посочуваат од претпријатието.Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на улиците „Страшо Пинџур“ и „Серафим Китаноски“.Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.
Светиот маченик Кодрат Коринтски
Views: 246 За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат. Но, токму во тоа време беше бремена, па во шумата го роди Кодрат и наскоро умре. По Божја Промисла, пазен од ангелот чувар, хранет и воден, Кодрат порасна во осаменост во дивината. Оној Кој му даваше манна од небото на Израилот во пустината, му пушташе и на младенецот Кодрат слатка роса од облаците на усните. Кога имаше дванаесет години тој слезе в град и таму едни добри луѓе го засакаа и го дадоа да учи. Тој ја изучи лекарската вештина и ги лечеше...
Денес променливо облачно
Views: 192 Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека во следните два дена ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 2 до 10 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Владата ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто
Views: 229 Владата ќе го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто со цел да спречи значително зголемување на цените, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски по вонредната владина седница.Со одлуката на Владата, почнувајќи од понеделник на полноќ преку намалувањето на ДДВ цените на горивата нема да претрпат значително зголемување.Според нивните пресметки, без оваа интервенција во ДДВ, утре Регулаторната комисија за енергетика би донела одлука за зголемување на цената на дизелот од 10,5 денари за литар и тој би се продавал за 102,5 денари по литар....









