Автор: инфодеск
Post Views: 180 Денес започнува осумдневната „Охридска новогодишна приказна“, програма организирана од Општина Охрид за најмладите. Најмладите дечиња ќе можат да уживаат во детски претстави, новогодишни базари и музички настани.Програма:24.12.202412:30 часот Детска театарска претстава „Добредојде Нова Годино“Градски плоштад „Свети Климент Охридски“18:00 часотТеатарска претстава за деца: „Ех да може и во зима сладолед да има“Градски плоштад „Свети Климент Охридски“25.12.202412:30 часотДетска новогодишна...
Нормализиран патниот сообраќај на Буково и Ѓавато
Post Views: 150 Патниот сообраќај превоите на Буково и Ѓавато е нормализиран. Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема), Гостивар – Стража, Маврово – Дебар, Прилеп – Македонски Брод и Охрид – Кичево.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.Врнежи од снег со променлив интензитет...
Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона
Post Views: 222 Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштетоШандор Петефи во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија,Унгарија и Македонија. Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена одчетири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екипататреба да извесла 500 метри.Овој концепт не само...
Католичката заедница денеска слави Бадник, а утре Божик
Post Views: 195 Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик...
Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег
Post Views: 159 Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, велат од УХМР.Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 0 до 5 степени Целзиусови.
Општина Охрид: Високи гости од Турција во посета на Општината
Post Views: 171 Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани.Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалнта власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на...
Фонтаната Ди Треви повторно отворена за посетителите
Post Views: 231 Фонтаната Ди Треви во Рим вчера повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години. Реновирањето траеше три месеци и чинеше 327.000 евра.Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.-Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.За време на реставрацијата, беше поставена патека за...
Во недела предновогодишна Импровокација
Post Views: 269 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи во недела, 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.-За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, додаваат организаторите.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Масовни и мирни протести во Србија, 100.000 луѓе молчеа 15 минути во чест на петнаесетмината загинати во несреќата во Нови Сад
Post Views: 235 100 000 луѓе вчера се собраа на повик на студентите од белградските факултети да побараат исполнување на барањата да се дознаат деталите за несреќата во Нови Сад каде во падот на натстрешница во Нови Сад на почетокот на ноември загинаа 15 лица. Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки. На протестот одржан на белградскиот плоштад „Славија“ им се придружија земјоделци, медицински работници, актери, уметници и жители на Белград и околните градови. Ова е најголемиот...
РЦСОО „Ванчо Питошески“ организира хуманитарен предновогодишен музички настан
Post Views: 210 Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид организира предновогодишен музички настан за сите ученици и нивните семејства, како и за наставниците. Настанот од хуманитарен карактер ќе се одржи на 24.12.2024 година (вторник) со почеток во 12:00 ч. во рамки на училишниот двор.-Целта на овој настан е да ја разбудиме хуманоста во овој празничен период и заеднички да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно. На настанот ќе биде поставен штанд со храна и пијалаци каде ќе имате можност да донирате. Собраните средства ќе бидат наменети за...
И оваа година традиционално се накити подводната елка во Охрид
Post Views: 187 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и годинава традиционално ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.Фото: Facebook – Diving Center Amfora
Денес Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Петар Чаулев
Post Views: 181 Денес во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев.Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по историја. Претставaта ќе ја изведат ученици од охридската гимназија. Петар Чаулев е еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета...