Автор: инфодеск
Views: 210 Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај.-Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно постојат сомнежи за...
Младенци, спомен на Свети 40 маченици во Севастија
Views: 280 Денес се слават Младенци, православен празник посветен на младите брачни парови и нивниот заеднички живот. Празникот традиционално се слави на 22 март и има длабоко религиозно и народно значење. Тој е поврзан со споменот на Светите 40 севастиски маченици, кои страдале за својата вера во 320 година.Младенци е ден кога се слави љубовта, верноста и заедништвото во бракот. Го празнуваат сите парови кои се венчале во текот на изминатата година. Според традицијата, тие на овој ден ги пречекуваат гостите во својот дом. Посетителите им носат симболични подароци како знак на поддршка...
Преподобен Теофилкт исповедник, епископ Никомидиски
Views: 230 Кога првиот царски советник, Тарасиј, од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на свети Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше иконоборец и...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 250 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од -1, а максималните до 11 степени Целзиусови.
Почина Чак Норис
Views: 260 На 86-годишна возраст вчера почина холивудскиот и легендарен актер, Чак Норис, по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Веста ја потврди неговото семејство преку Инстаграм објава, откако актерот ден претходно беше хоспитализиран на Хаваи.Чак Норис зад себе остави богато филмско и телевизиско наследство, а неговото семејство во емотивна изјава порача дека живеел со цел и со непоколеблива посветеност кон оние што ги сакал.„За светот, тој беше боречки уметник, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и...
Раздвижување на охридската ривиера за продолжениот празничен викенд
Views: 286 Овој рамазански продолжен викенд, Охрид е повторно полн со живот. Празничната атмосфера, пријатното време и голем број туристи означуваат увертира во новата туристичка сезона. Гости од земјава и странство го раздвижија градот. Празникот традиционално носи и голем број иселеници кои се враќаат во родниот крај.„Секако, Рамазан Бајрам е еден од поголемите празници. После 30-дневниот пост, многу наши сограѓани кои живеат надвор од државата доаѓаат во посета на своите блиски, но и да го прослават празникот тука”, изјави Челик Асим, туристички работник.Туристичкиот...
Охриѓанка нападната во казино, добила и закани од напаѓачот да не го пријавува
Views: 244 На 19.03.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид 43 годишна жена од Охрид пријавила дека во и пред казино во Охрид била физички нападната од машко лице.-Лицето и упатило и закани за да не го пријавува случајот во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Дигиталната ера го менува туризмот
Views: 346 Последниве години, дигиталните технологии целосно го трансформираат начинот на патување. Резервацијата на сместување, превоз и туристички услуги сè почесто се одвива преку мобилни апликации и онлајн платформи, со што граѓаните сè почесто ги заобиколуваат туристичките агенции.Наместо традиционалното планирање, корисниците денес со неколку клика можат да резервираат хотел, апартман или приватно сместување, како и авионски билети, автобуски превоз, влезници во музеи или рент-а-кар услуга. Апликациите нудат споредба на цени, кориснички оценки и флексибилни опции, што...









