Skip to main content

Автор: инфодеск

Наредната недела предновогодишна „Импровокација“

Post Views: 102 Традиционално во последната недела од годината со многу подароци за публиката ќе се одржи предновогодишната „Импровокација“.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066, а цената е 400 денари.

Продолжи со читање

Утре акција за пошумување во опфатот на Белчишкото Блато

Post Views: 66Утре, 24 декември, на границата со опфатот на Белчишкото Блато, близу селото Белчишта, ќе се реализира теренска акција за садење нативни дрвенести садници, како практична мерка за превенција од пожари и заштита на чувствителни природни подрачја.Во активноста ќе учествуваат ученици од ООУ „ДЕБРЦА“ – с. Белчишта, Општина Дебрца, како и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници на локалната самоуправа, противпожарните служби и граѓански организации.-Акцијата има за цел младите директно да се вклучат во грижа за природата преку практична...

Продолжи со читање

СВР Охрид: Пуштена во редовен сообраќај клучката на автопатската делница Охрид-Кичево кај Подмоље

Post Views: 108 СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље.Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.-Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена...

Продолжи со читање

Во Охрид променливо облачно со дожд, на планините снежна покривка

Post Views: 84 Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на влажни воздушни бранови од денес и во следните два дена (24.12 и 25.12.) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cm. Поради спуштање на постуден...

Продолжи со читање

СВР Охрид со засилени превентивни активности и контроли против нелегалната употреба на пиротехника пред празниците

Post Views: 72 СВР Охрид, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација, со цел, укажување на штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Превентивните кампањи се реализираат со учениците од основните и средните училишта низ градот и приградските населби, низ интерактивна комуникација со учениците и со типизирани наменски предавања и видео презентации. Полициските службеници од отсекот за превенција,...

Продолжи со читање

Почина британскиот музичар Крис Рeа

Post Views: 148 На 74-годишна возраст почина славниот британски пејач и кантавтор Крис Рeа.Реа се прослави со автентична мешавина на блуз, поп, соул и софт-рок, која му донесе светска слава низ 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој беше исклучително продуктивен и во кариерата сними 25 студиски албуми, на кои се најдоа мегахитовите „The Road to Hell“, од неговиот истоимен деби-албум; „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“, меѓу другите.Роден е во 1951 година во Мидлсбро од татко Италијанец и мајка Ирка, и имаше шест браќа и сестри. Песната од...

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 101 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот која се одржа денеска во Охрид.Одлуката за избор беше донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.Во рамки на конститутивната седница беше извршена верификацијата на мандатите на градоначалниците од регионот, беше усвоен Финансискиот план на Центарот за развој на...

Продолжи со читање

Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за поетското дело „Темна Кутија” 

Post Views: 105 За поетското дело “Темна Кутија” под шифра “Јас, малиот Тој“ Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема.Братислав Ташковски е поет, романсиер, драмски писател и новинар. Роден е на 11 септември 1960 година, во Скопје. Ги објавил следните книги поезија: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жедната муза (1994), Демоника (1997), Мојот кинески меч (2001), Дом над домовите (2002), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја...

Продолжи со читање

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид-Кичево

Post Views: 130 -За прв пат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот...

Продолжи со читање

Францускиот амбасадор Риголер во посета на РЦСОО „Ванчо Питошески“

Post Views: 80 РЦСОО ,,Ванчо Питошески“ информира дека имаа чест да бидат домаќин на посетата на францускиот амбасадор г. Кристоф Ле Риголер, а повод на посетата беше потпишување на Меморандум за соработка во рамките на регионалниот проект ,,Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан“, како и „Зајакнување на улогата на францускиот јазик во стручното образование и обука и поддршка на вработливоста на младите во Балканот преку прилагодено познавање на францускиот јазик“. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на...

Продолжи со читање

Едукативно предавање во Младински Центар Охрид: „Да зборуваме за епилепсија“

Post Views: 153 Минатата сабота, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа инспиративен и едукативен настан посветен на подигање на јавната свест за епилепсијата – состојба која и денес често е опкружена со предрасуди и недоволно разбирање.Предавањето го одржа проф. д-р Филип Дума, а настанот беше модериран од Александра Сабрас Апостолова кои заедно поттикнаа динамична и отворена дискусија меѓу учесниците.-Благодарност до сите млади кои беа дел од настанот и покажаа дека знаењето и разбирањето прават разлика, велат од Младински Центар Охрид.

Продолжи со читање

Еуростат: Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Post Views: 102 Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за 2023 година на Генералниот директорат на Европската комисија задолжен за обезбедување на Европската унија со статистички податоци на европско ниво-Еуростат, за бројот на фемициди во земјите членки и земјите кандидатки за членство.Според извештајот, Македонија се наоѓа на трето место,веднаш зад Латвија и Литванија. Во Латвија во 2023 години е пријавена најголема стапка на фемициди и тоа 17 жени на еден милион...

Продолжи со читање