Skip to main content

Автор: инфодеск

Овр Струга

71-годишен маж бил прегазен од трактор во сопствениот двор во Мислешево

Views: 128 71-годишен жител на струшкото село Мислешево се здобил со повреди откако бил прегазен од трактор во сопствениот двор.Според информациите од СВР Охрид, настанот бил пријавен на 13 октомври во 11:29 часот во ОВР Струга. Додека работел на трактор „ИМТ 539“, возилото се придвижило и го прегазило со задното тркало. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што му биле констатирани повредите.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Денеска отворање на првиот SPAR маркет во Охрид

Views: 268 Првиот маркет на меѓународниот малопродажен бренд SPAR во Охрид свечено ќе биде отворен денеска во 14 часот, во рамки на Охрид Мол. Со ова, еден од најпрепознатливите меѓународни малопродажни брендови го продолжува своето ширење во Македонија, носејќи нови можности за пазарување и богат асортиман на производи за охриѓани.Купувачите ќе имаат можност да избираат од широк асортиман на свежи производи, домашни и меѓународни брендови, препознатливи SPAR трговски марки и производи по атрактивни цени.Со отворањето на маркетот, SPAR има за цел да ги поврзе...

Продолжи со читање

90 научници од 21 земја на меѓународна средба во Вевчани посветена на рисот

Views: 133 Вевчани е домаќин на деветтата средба на меѓународната мрежа „Еуролинкс“, на која речиси 90 научници и истражувачи од 21 земја разменуваат искуства и најнови сознанија за животот, движењето и заштитата на рисот. Во фокусот се и можностите за закрепнување на балканскиот рис, како и предизвиците со кои се соочува овој редок предатор.Како што информираат од Македонското еколошко друштво, меѓу темите се и прашањата поврзани со размножувањето, однесувањето на женките, како и средбите меѓу единките од овој вид, кој вообичаено се смета за самотно животно.Посебно внимание се...

Продолжи со читање

Жолт метеоаларм низ цела Македонија, северен ветер над 60 km/h и снег на планините

Views: 156 Жолт метеоаларм е активиран на територијата на целата земја поради засилен северен ветер со брзина над 60 km/h, кој носи значително постудено време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилното и посвежо време ќе се задржи до петок, со повремени врнежи од дожд кои на повисоките планински врвови ќе преминат во снег. Почетокот на викендот носи постепено смирување на ветерот и благ пораст на дневните температури.В четврток се очекува сончево време со мала до умерена облачност, но ветерот од северозападен правец ќе остане изразен, особено долж...

Продолжи со читање

Успех за младите таеквондисти на М.Т.Т.Ф. на „Плевен Опен 2026“

Views: 178 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) викендов учествуваше на меѓународниот таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2026“, каде младите натпреварувачи остварија одличен резултат, освојувајќи два сребрени и три бронзени медали.Под водство на Марјанчо Лазаревски, боите на М.Т.Т.Ф. ги бранеа шест натпреварувачи, од кои петмина беа членови на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец – Охрид, а еден натпреварувач настапи од Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ од Мислешево – Струга. Сите натпреварувачи настапија во дисциплината спаринг, односно...

Продолжи со читање

Покров на Пресвета Богородица

Денес се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Views: 112 Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно и постудено со северен ветер

Views: 138 Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 15 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Пецаков се сретна со заменик-градоначалникот на општина Џорџс Ривер во Сиднеј

Views: 176 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со Оливер Димоски, заменик-градоначалник на општината Џорџс Ривер (Georges River) во Сиднеј, Австралија, на која биле разгледани можностите за воспоставување и унапредување на соработката меѓу локалните заедници.На средбата, како што информираат од Општина Охрид, биле разменети мислења за можностите за воспоставување и унапредување на соработката, како и за значајната улога на македонската дијаспора во зачувувањето на врските со родниот крај и промоцијата на Охрид на меѓународно ниво.Акцент бил ставен на...

Продолжи со читање