Автор: инфодеск
Post Views: 211 НП Галичица нареден петок 27.12.2024 во Инфо Центарот на Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца, чија главна тема ќе биде изработката на новогодишни украси од природни материјали.-Ова е повеќе од само работилница – ова е авантура која ги учи децата за природата, ги инспирира со креативност и ги обединува со другарчиња во празнично расположение, а во сето тоа ќе ни помогне нашата драга Симона Ангелоска @hurricane_full_of_joy, велат од установата.Работилницата е наменета за деца од 7 до 10 годишна возраст, а сите...
Претпладне променливо облачно, попладне дожд
Post Views: 142 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе...
„Пакетчиња за сите дечиња“ по петти пат ќе ги стопли срцата на најмладите
Post Views: 262 Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“ по петти јубилеен пат ќе ги стопли срцата на најмладите во регионот.Популарниот Wik Kakarotski, кој е иницијатор на целата акција, задно со неговата екипа, и годинава сакаат да усреќат што повеќе дечиња, пред се’ од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид, за и тие да можат да ја почувствуваат празничата магија и радост.Илјадници пакетчиња ќе бидат поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде...
Дивоградбите во Охрид сè уште чекаат уривање
Post Views: 257 Нелегалните градби впишани во Регистарот на дивоградби во Охрид се уште чекаат отстранување. Единствениот објект кој е срушен засега е една бетонската база. Наместо да се намалува, бројот на дивоградби расте, а тоа го стимулира Законот за легализација.Општината има буџет за уривање на дивоизградени објекти, како една од клучните препораки на Унеско, но нема фирма која би постапила.„Ние ги завршуваме постапките во одделнието за инспекциски надзор ги поднесуваме соодветните кривични пријави правиме решенија за орстранување и застануваме тука, затоа што...
Свикана 51. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 201 Свикана е 51. седница на Советот на Општина Охрид за 25.12.2024 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.За дневен ред предложен е следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 49-та седница и Записникот од 50-та седницаПредлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2025 година....
Богата забавна програма за новогодишните празници во Охрид, за најлудата ноќ ќе уживаме во настапот на Каролина Гочева
Post Views: 254 Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската...
Зимски Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“ во Струга
Post Views: 337 Наредната сабота, 28 декември, Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5....
Во вторникот се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на Музичкото училиште од Струга
Post Views: 295 Во вторникот, во прекрасниот амбиент и преисполнетиот со публика простор на Хотелот Дрим се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на кој настапи камерниот оркестар на Државно музичко училиште од Струга под диригентската палка на инспиративниот маестро Алтин Зиба, и солистите: Марија Дузлеска на флејта од класата на проф. Светлана Богдановска – Ристевски, Емилија Лушеска на виолина од класта на проф. Милена Крстевска, Христо Дејкоски на виолина од класата на проф. Тони Арслан, Андреј Наумоски на виолина од класата на проф. Милена Крстевска и Лина Николоска на...
Охриѓанецот Антонио Додевски е реизбран за претседател на Националниот Сојуз за Планинско Спасување
Post Views: 281 На вчерашното редовно изборно собрание на Националниот Сојуз за Планинско Спасување заа претседател повторно беше избран Антонио Додевски, а за Генерален секретар беше избран Др. Александар Манолев. Управниот одбор, покрај претседателот и генералниот секретар, ќе го сочинуваат и членовите Костантин Циривири, Мартин Пејоски и Александар Дончев, кои имаат долгогодишно искуство во изведување на спасувачки операции, како и во едукација на алпинисти и спасувачи. Во составот на Управниот одбор ќе членуваат и два советодавни членови: пилотот Виктор Бојковски, одговорен...
Ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија за Тоше Проески
Post Views: 234 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков објави дека во следните две години, ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на Тоше Проески. –Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење, додава министерот во своето соопштение.Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот...
Нов успех на гимназијалците, освоени две втори места во кошарка
Post Views: 163 На зонските натпревари во кошарка кои се одржаа вчера во Охрид екипите од охридската гимназија го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.Девојките играа против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга во финалето кое заврши со резултат 32:42, а момците кои исто така одиграа финале против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, завршија со резултат 58:64, информираат од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.
Утре промена на работното време на библиотеката
Post Views: 191 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека во петок 20 декември одделот за зајмување во Библиотеката, поради неопходни промени во системот ќе работи од 8.30 до 14 часот.