Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно време со дожд и снег на повисоките места

Views: 195 Променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.Од УХМР информираат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе сеспуштат под нула степени.Во Охрид денес температурите во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Излезе од печат монографијата “Вевчани – родови, потомци и судбини”

Views: 357 Нова монографија посветена на Вевчани вчера му беше врачена на градоначалникот Спасе Кочоски, станува збор за делото „Вевчани – родови, потомци и судбини“ од авторот Анастас Ќушкоски.Книгата е издадена со финансиска поддршка на Општина Вевчани и претставува значаен придонес во зачувувањето на локалната историја и традиција. Во монографијата се опфатени родослови, семејни приказни и лични судбини, преку кои се прикажува животот на генерации Вевчанци, нивната улога во заедницата и вредностите што се пренесуваат низ времето.-Овие трајни вредности ја чуваат меморијата за...

Продолжи со читање

Сè уште трае санацијата на дефектот кај Елешец

Views: 185 Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека повеќе од 9 часа макотрпно работат на санација на комплициран дефект на цевка со профил ф315 мм, на потегот помеѓу Лагадин и с.Пештани кај автокампот Елешец. Се работи на ризичен терен на длабочина поголема од 5 метри.Санацијата продолжува и во попладневните часови .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Охрид уште еднаш покажа дека знае љубов што е

Views: 210 Охридскиот камерен оркестар приреди вечер за паметење со хуманитарниот концерт „Охрид знае љубов што е – омаж за Григор Копров“ во НУЦК „Григор Прличев“, во организација на Здружението за култура и Ѓоко Алоски, со поддршка на Општина Охрид.Настапите на солистите и оркестарот донесоа силна уметничка енергија потврдувајќи го високото ниво на музичката сцена во Охрид.Концертот беше и со хуманитарен карактер и присутните со своето учество дадоа поддршка за малата Ева покажувајќи дека уметноста има моќ да обединува и да помага.

Продолжи со читање

Неопходни се итни реформи за спас и модернизација на јавните комунални претпријатија

Views: 195 Комуналните претпријатија во земјава се соочуваат со финансиски потешкотии и натрупани долгови. Причините се недомаќинско работење, ниските цени на услугите, како и застарената инфраструктура. Сето тоа директно влијае врз ефикасноста и квалитетот на услугите кон граѓаните.– Дел од тие причини се застарената инфраструктура, недостигот на квалификуван кадар и некоординацијата меѓу институциите, вели Горан Степаноски, член на УО на АДКОМ.Во комуналните претпријатија работната сила старее, а недостигаат млади професионалци. Најмногу недостига обичниот работник, а...

Продолжи со читање

Рамазан Бајрам, 20-ти март е неработен за сите граѓани на Република Македонија

Views: 230 Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 20-ти март 2026 година, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Продолжи со читање

Свр охрид

Повредени две лица од Мислешево во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево

Views: 234 На 17.03.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице од с. Мороишта, струшко и патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишна жена од с. Мислешево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената возач на фордот., додека нејзиниот 41-годишен сопатник од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е...

Продолжи со читање

Охридскиот Народен театар организира две театарски изведби за помош на Ева

Views: 313 Народен театар Охрид ги поканува граѓаните на две специјални хуманитарни претстави, каде уметноста добива уште подлабока смисла – да помогнеме таму каде што е најпотребно.На 26 март премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а на 27 март, по повод Меѓународниот ден на театарот, ќе се одигра претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски.Претставата „Чаплин во црно-белиот свет“ на 26.03.2026 е со почеток во 19:00 часот, цена на билет 150 денари. Претставата „Парите се отепувачка“ на...

Продолжи со читање