Skip to main content

Автор: инфодеск

Водовод Охрид

Прекин на водоснабдувањето од Метропол до Пештани

Views: 228 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка ф315 мм) денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на потегот од Метропол до с. Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид.Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата на дефектот.

Продолжи со читање

Маченик Конон Исавриски

Views: 234 oучeн вo вeрата Христoва и крстeн вo имeтo на прeсвeтата и живoтвoрна Трoица oд самиoт Архангeл Михаил. Дo смртта нeвидливo гo слeдeше oвoј Архистратиг Бoжји. Прoсвeтлeн и oјачан сo благoдатта на Свeтиoт Дух, срцeтo нe гo влeчeше пo ништo свeтскo туку самo пo духoвнoтo и нeбeснoтo. Кoга рoдитeлитe сo сила гo oжeнија, тoј првата вeчeр зeде свeќа и ја стави пoд сад, па ја запраша свoјата нeвeста: „Штo e пoдoбрo, свeтлината или тeмнината?“ Таа oдгoвoри: „Свeтлината“. Тoгаш тoј пoчна да ѝ гoвoри за вeрата Христoва и за духoвниoт живoт какo пoдoбар и пoубав oд тeлeсниoт. Така успeа и...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно и посвежо

Views: 176 Променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе...

Продолжи со читање

Од денес нова директна авиолинија до Братислава

Views: 175 Од денеска 17 март, граѓаните ќе може да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до аеродромот во Братислава. Овој лет ќе сообраќа 4 пати неделно (вторник, четврток, сабота и недела).-Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, изјави министерoт...

Продолжи со читање

Утре премиера на новиот филм „Охридски лудории“

Views: 550 Утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид премиерно ќе биде прикажан филмот „Охридски лудории“.Филмот обединува бројни познати уметници, музичари и личности од културната сцена, нудејќи динамична комедија исполнета со музика, хумор и интересни ликови.Влезниците по цена од 200 денари се достапни за купување „Кај Аждер“.

Продолжи со читање

Во четврток во Охрид мол ќе се одржи настанот „Напиши стих – купи кафе“

Views: 263 Во четврток на 19 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Охрид мол и кафетеријата „Nocciolino“  од 10 до 13 часот во пресрет на 21 Март – Светскиот ден на поезијата ќе го одржат настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе шеста година НУ Библиотека „Григор Прличев“ го организира настанот во Охрид.Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се...

Продолжи со читање

Тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство” во организација на Oтсекот за превенција при СВР Охрид

Views: 300 Oтсекот за превенција при СВР Охрид, vчера (16.03.2026 година) во Охрид, одржа тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство”.На средбата, покрај претставници од СВР Охрид, присуствуваа и претставници од основниот суд и јавното обвинителство од Охрид, Центарот за социјални работи, од локалната самоуправа, од школските центри, невладини и младински организации.– Целта е јакнење на меѓу институционалната соработка во сузбивањето на семејното и родово базирано насилство, поефективна заштита на жртвите, поблиско информирање за појавните...

Продолжи со читање

Трпејца

Стружанка бесправно изградила куќа во Трпејца

Views: 189 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50 годишна жена од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „бесправно градење”.– Таа, во својство на инвеститор, на катарстарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање