Skip to main content

Автор: инфодеск

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Views: 366 Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ, организирано од Македонската традиционална таеквондо федерација. Настанот собра голем број натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и натпреварувачки дух.На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ге Бек“ Ресен, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, „Сонкал“ Мислешево – Струга и „Чонџи“ Косел...

Продолжи со читање

Охрид доби Центар за дебелина – сериозен чекор против растечкиот здравствен проблем

Views: 334 Во Општата болница Охрид официјално започна со работа првиот Центар за менаџирање на дебелината во Југозападниот регион, со што се прави значаен исчекор во справувањето со еден од најсериозните здравствени предизвици на денешницата.Дебелината сè почесто се карактеризира како глобална пандемија, а бројот на луѓе кои се соочуваат со овој проблем постојано расте. Таа не претставува само естетски, туку пред сè здравствен проблем, поврзан со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, проблеми со зглобовите и нарушено психичко здравје.– Дебелината...

Продолжи со читање

Прекин вода

Поради дефект утрово прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Views: 249 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Серафим Китаноски“, „Кузман Јосифоски Питу“ и дел од „Јане Сандански“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци и Црвен крст утре организираат крводарителска акција

Views: 192 Утре Црвен крст Охрид во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид организираат крводарителска акција.  Акцијата ќе се спроведе од 9 до 12 часот во просториите на Служба за трансфузија – Охрид.-Ги повикуваме сите ученици во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид да ја покажат својата хуманост – да ја даруваат својата скапоцена течност!, велат организаторите.

Продолжи со читање

Преподобен Герасим

Views: 209 Овој познат светител најпрво се учеше на подвижнички живот во Тиваида египетска, а потоа премина на Јордан и таму основа обител во која имаше околу седумдесет монаси и која до ден денес постои. За својот манастир постави посебен типик, според кој пет дена монасите поминуваа по келиите плетејќи кошници и рогозини; внатре не ложеа оган, а јадеа само по малку сув леб и урми. Кога излегуваа од своите келии ги оставаа отворени за да може секој кој би влегол внатре да си земе што ќе сака. Во сабота и во недела се собираа во манастирската црква, имаа заедничка трпеза, со вариво и со...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 179 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во следните неколку денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува...

Продолжи со читање

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој настапил на Зимските параолимписки игри

Views: 342 Зоран Јовановски со својот настап во машкиот слалом во седечка класа LW11 на Зимските параолимписки игри Милано‑Кортина 2026 испиша ново поглавје во македонскиот спорт, станувајќи првиот македонски зимски параолимпиец.Настапот на Јовановски претставува значаен чекор напред за развојот на параспортот во Македонија. Неговиот пример може да биде силна инспирација за идните генерации спортисти со попреченост, кои ќе добијат мотивација да се вклучат во спортот и да ги следат своите соништа.Со овој историски момент, Македонија се впишува на мапата на земјите кои имаат...

Продолжи со читање

По повеќе од шест децении, конечно ќе се реконструира студентскиот дом во Охрид

Views: 241 По повеќе од шест децении, конечно ќе се реконструира  студентскиот дом „Никола Карев” во Охрид. Според најавите, модернизацијата на објектот се очекува да започне во средината на месец јули, а  ќе опфати целосно уредување на просториите и подобрување на условите за престој на студентите.Со овој проект се очекува зголемување на бројот на студенти и надминување на финансиските потешкотии.„Ќе се реновира целосно студентскиот дом – собите, кујната, рецепцијата, ресторанот, канцелариите и надворешниот изглед. Ќе има нова фасада, ќе се постават соларни панели, а ќе се...

Продолжи со читање