Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Охрид ќе се одржи регионалниот натпревар за Млади библиотекари

Views: 238 Библиотерското здружение на Македонија традиционално го организира 26-от Републички натпревар „Млади библиотекари“.Регионалниот натпревар НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе го одржи на 8 април – среда  во просториите на Библиотеката со почеток во 10 часот.Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст.За подготовка учесниците на натпреварот треба да користат: Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотекарското здружение на...

Продолжи со читање

Крводарителство

Црвен крст Охрид ќе додели признанија на заслужни крводарители

Views: 225 По повод 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Охрид, утре, 17 март, со почеток во 13 чaсот., во своите простории ќе организира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2025 година.–Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година....

Продолжи со читање

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Views: 335 Давид Велковски, интернационален судија во Таеквон-До ИТФ и претставник на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ), учествуваше на Европски семинар за судии што се одржа во Бугарија.Овој семинар претставуваше одлична можност за професионално усовршување и размена на искуства со врвни судии од цела Европа.Семинарот беше организиран под покровителство на Бугарската Таеквон-До ИТФ федерација, а предавач беше Гранд Мастер Гери Милер, носител на црн појас 9-ти дан и еден од најпочитуваните експерти во Таеквон-До заедницата. Неговите предавања и практични насоки...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Од полноќ ново поскапување на горивата

Views: 263 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново поскапување на горивата од ноќеска на полноќ.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит/Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, и новата цена...

Продолжи со читање

Полициски билтен: семејно насилство, сообраќајки, возење под дејство на алкохол

Views: 255 На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49 годишен државјанин на Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 15.03.2026 во 22:50 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32 годишно лице од Охрид кое се сомничи дека на истата улица...

Продолжи со читање

Голем хуманитарен концерт на Охридскиот камерен оркестар за малата Ева

Views: 227 Голем хуманитарен концерт на ОХРИДСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ќе се одржи утре во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток од 19:30 часот.Концертот е насловен „Охрид знае љубов што е – Омаж за Григор Копров“ и на него ќе настапат проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мицкоски, Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Василески.Влезот е слободен но ќе бидат поставени кутии за донирање средства кои ќе бидат наменети за лекување на 10 годишната Ева од Охрид. Концертот е поддржан од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Една година од трагедијата во Кочани – „63 столчиња со бела роза за недовршените соништа на загинатите“

Views: 262 Денеска се навршува една година од стравичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.Утрово во паркот на револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња со по една бела роза на нив во чест на 63-те млади луѓе кои загинаа во „Пулс“.„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, е пораката со која семејствата на загинатите ги пречекаа присутните пред...

Продолжи со читање

Охрид е симбол на меѓусебно почитување и хармонија

Views: 232 Во организација на Општина Охрид вчера беше приредена ифтарска вечера, на која беа присутни претставници на Охридското муфтиство на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратеници, советници и верници. На вечерата присуствуваше и митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија. ​Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели. Соживотот во Охрид не е само историја,...

Продолжи со читање