Автор: инфодеск
Post Views: 149 Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Утре попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.Во Охрид температурите ќе се движат од -1 до 9 степени Целзиусови.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу ученички заедници од сите средни училишта во Охрид
Post Views: 319 Денес во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид. Оваа иницијатива беше покрената од ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески, со цел зајакнување на младинската соработка и активностите во градот.Средни училишта и претседатели кои го потпишаа меморандумот:ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид:Претседател Арсениј ЃоршескиОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид Претседател Иво...
За прв пат презентирани вредни експонати од етнолошката збирка на НУ Завод и Музеј
Post Views: 161 Вo Куќата на Робевци отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј”. Пред јавноста за прв пат се презентирани експонати од богатата етнолошка збирка.Станува збор за 48 вредни примероци, врвни занаетчиски творби, највпечатливиот накит на народната носија, украсот на градската облека што се носелво 19 и почетоците на 20 век. Повеќето се изработки од сребро, бакар, седеф во комбинација со други елементи од кожа, ппалтно и вез.„Се работи за женски накит кој е...
Кривична пријава против охриѓанец бидејќи изградил семејна куќа без решение
Post Views: 236 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење”. На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза” во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа. Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30.10.2024 година од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор при општина Охрид, кога е донесено решение за...
Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација на нацрт план за ДУП за УЗ 2 дел од УБ 2.3 за плански период 2014-2029
Post Views: 150 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весникна РСМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24 и 171/24), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА...
Во сабота ќе се одржи конференцијата „Локални политики за Охрид: чиста вода, воздух и урбанизација“
Post Views: 185 Демократската Обнова на Македонија – ДОМ, невладината „Зелена планета за сите” и Еколошкото друштво Грашница ја најавуваат конференцијата Локални политики за Охрид: чиста вода, воздух и урбанизација, која ќе се одржи на 14ти декември, со почеток во 12 часот, во хотел Нова Ривиера во Охрид.На конференцијата ќе се дискутираат клучни теми како што се заштитата на природните ресурси, справувањето со аерозагадувањето и предизвиците поврзани со урбанизацијата во Охрид и охридскиот регион. Преку отворен дијалог, целта е да се отвори дискусија за креирање...
Во петок презентација на заклучоците од панел дискусијата за депоните во Буково и Мауцкер
Post Views: 199 Групацијата на граѓански организации “Збогум Буково” во петок ќе одржи прес средба која што ќе бидат презентирани заклучоците од неодамна оддржаната јавна панел дискусија за дивите депонии-сметилишта во Буково и Мауцкер, активностите и роковите за „затворање“ на дивата депонија-сметилиште Буково, како и изградба на регионалната депонија во Југозападниот регион и понатамошните чекори на делување на „Збогум Буково“ во насока на справување со еколошките предизвици, особено со загадениот воздух во нашиот регион.Средбата ќе се одржи во 5 до 12 часот, во кафе-бар...
Словачкиот премиер Фицо во Бразил претставен како премиер на Југославија
Post Views: 227 Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој неодамна беше во прва официјална посета на Бразил, беше претставен како премиер на Југославија. Фицо бил пречекан од потпретседателот Гералдо Алкмин поради здравствените проблеми на претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва.Како што објави Блумберг, Алкмин читал напишан говор за време на средбата со Фицо.„Лула ме замоли да ви испратам топла прегратка и да ја споделам неговата среќа да ве прими“. А, потоа следел неверојатен гаф: „Инаку, ова е првпат премиер на Југославија да го посети Бразил и ние сме...
Груби се повлекува од јавниот живот бидејќи бил „чист како солза“
Post Views: 228 Артан Груби, поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, вчера објави дека се повлекува од политичкиот живот. Одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи, каде што објасни дека за својата одлука веќе го информирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во својата објава тој побара поддршка за „работата и посветеноста на Ахмети“.„Се залагав за еднаквоста на Албанците во Македонија, интеграцијата во НАТО, стратешкото партнерство со САД и членството во Европската Унија. Овие вредности не се само моја лична мотивација, туку и должност која отсекогаш сум ја...
Наутро магловито, попладне сончево
Post Views: 219 Претпладне по одделни котлини, особено во Пелагонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.До сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од...
Пецаков: Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“
Post Views: 154 Градоначалникот Кирил Пецаков ја информира јавноста дека започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“. Со оваа реконструкција се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола.Предвидено е реконструкција на тротоарот и коловозот, поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.Вкупната вредност на проектот е 8.367.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на проектот е АД “Илинден”.-Со овој...
Започнуваат подготовките за Бадниковите Поворки
Post Views: 309Започнуваат подготовките за Бадниковите Поворки. Пробите ќе се одржуваат секоја сабота почнувајќи од 14.12.24 во 12 ч. во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.Во поворката во која секоја година учествуваат стотици дечиња, традиционално се одржува со дефиле низ улиците на градот, а пристигнува на плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе биде поставена Божиќната пештера која го наговестува Христовото раѓање.Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793.