Skip to main content

Автор: инфодеск

Во авто кампот „Љубаништа“ отворена еколошката станица „Дејан Костојчиноски“

Views: 234 Во автокампот „Љубаништа“ вчера беше отворена еколошко-нуркачка станица во чест на прерано починатиот нуркач Дејан Костојчиноски.–Еколошката станица го носи името на нашиот прерано починат другар, член на клубот. Наменета е за заштита на животната средина, намалување на загадувањето на езерото и природата, како и поддршка на кампот, информираат од Клубот за подводни дејности „Охрид“.Станицата е опремена со компресор, боци за нуркање, а со цел за реализација на еколошки акции во дел од езерото кај Љубаништа, Трпејца и Свети Наум. Идејата за отворање на...

Продолжи со читање

Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

Views: 212 Му беа другари на светиот Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие останаа во затворот после него и уште долго не беа осудени, зашто се обавуваше смената на царскиот намесник во градот Амесија. Кога стигна новиот намесник, уште понечовечен од својот претходник, нареди и му ги изведоа овие тројца. Сите беа млади, Клеоник и Евтропиј беа родени браќа, а Василиск му беше роднина на свети Теодор. Но, според братската љубов меѓу нив како да беа тројцата браќа. Така му рекоа и на намесникот: „Како што Светата Троица е неделива така и ние сме неделиви во верата и неразлачни...

Продолжи со читање

Сончево утро, попладне променливо облачно

Views: 235 Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.Утре и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на...

Продолжи со читање

СВР Охрид ги интензивира превентивните мерки поради зачестени пожари

Views: 255 Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид, ќе ги интензивира превентивните активности и контактите со граѓани и институции, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор.–Вчера полициски службеници контактираа со претставници од месната заедница во селото Издеглавје како и со други жители на општината Дебрца и низ кратки разговори, ги информираа за општите мерки за заштита од пожар, за посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари при движење низ...

Продолжи со читање

Искинато знаме ги пречекува туристите во градот на писменоста

Views: 1.270 Во градот на писменоста, првото нешто што го гледаат туристите не се буквите, не е традицијата, ниту историјата – туку искинатото знаме. Мал детал, но силна порака за тоа колку се грижиме за симболите што нè претставуваат пред светот.Ова е само еден мал потсетник дека треба повеќе да се грижиме за симболите што нè претставуваат.

Продолжи со читање

Клековски: Целосна поддршка од ФЗОМ за финализирање на долгоочекуваниот нов објект на болницата Св. Еразмо

Views: 222 Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, при работната посета на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, најави целосна поддршка за финализирање на долгоочекуваниот нов болнички објект.Клековски ја опиша болницата како една од македонските „здравствени Пепелашки“ , институции каде врвната стручност и професионализам опстојуваат и покрај работата во стари објекти и предизвикувачки услови .Новиот објект на болницата, кој иако е 95% завршен, стои во место уште од 2017 година. Раководството на „Св....

Продолжи со читање

(видео) Два армиски хеликоптери ангажирани за гаснење на пожарот на Јабланица

Views: 243 По барање на градоначалникот на општина Струга, Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица, информираа од Центарот за управување со кризи.Како што посочија оттаму поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно била значително отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.Во исто време, во регионот на Струга...

Продолжи со читање

Клековски: Болницата Св. Стефан во Охрид е пример како со стручност и посветеност се постигнуваат големи резултати во ограничени услови

Views: 277 Високо стручно и професионално ниво на функционирање во многу предизвикувачки услови во Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“, ова е впечатокот на првиот човек на ФЗОМ, Сашо Клековски при посетата на болницата.–Зошто во многу предизвикувачки услови? Стариот објект потекнува од синдикално одмаралиште, што не одговара на модерните болнички стандарди, а опремата е ограничена (на пр. само еден ангиограф). Сепак, благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични...

Продолжи со читање