Skip to main content

Автор: инфодеск

„Бунтовната Принцеза“ денес на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид

Views: 313 “Бунтовната Принцеза” на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во сабота 14.03.2026 година, почеток 12.00 часот, цена на карта 100 денари, синхронизиран на македонски јазик.Во овој модерен пресврт на класичната бајка, тврдоглавата принцеза е украдена од злобен волшебник, а нејзиниот научник вереник мора да ја искористи својата памет во епска потрага да ја најде додека таа смело ги предизвикува киднаперите и подготвува смело бегство.Карти во продажба на билетара, билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и...

Продолжи со читање

Пролет

Денес е Летник

Views: 222 Летник се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината.Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец,...

Продолжи со читање

Преподобномаченичка Евдокија

Views: 186 Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се...

Продолжи со читање

Облаци и сонце за викендот, од вторник заладување

Views: 231 За време на викендот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.Во Охрид денес температурите во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Одиграни 4 и 5 коло од Пионерската лига „Охрид 2026“ во шах

Views: 347 Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и Сојузот на училишен спорт Охрид, денеска се одиграа 4 и 5 коло од Пионерската лига „Охрид 2026“ во шах.Во лигата учествуваат седум Основни училишта од Општина Охрид, натпреварите се играат по Бергеров систем, секој со секого, со темпо на игра 10 минути по играч, со 5 секунди додаток, почнувајќи од првиот.Постигнати  резултати:4 коло:Bo.7 ООУ Живко Чинго ВелгоштиОхридRtg1 : 35ООУ Братство Единство ОхридRtg1/1 Шапкароски, Михаил (w)01 – 0 Павлески, Наум (b)01/2 Граждани, Јосиф (b)00 –...

Продолжи со читање

Театарска магија за најмладите: „Волшебната шума“ во изведба на Театар Колозов вечерва во Охрид мол

Views: 294 Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Волшебната шума“ во изведба на Театар Колозов.-Волшебната шума e еколошка, едукативна, интерактивна детска претстава со воспитна цел за градење на свеста, наменета за возраст во која се калеми општата култура за доброто утре. Во претставата низ низа комични перипетии и волшебни моменти учиме за емпатијата, грижата за природата и простувањето. Кралот на шумата Еко, успева да ја научи принцезата Гордица како културно да се однесува и заедно да ги...

Продолжи со читање

Нов ендоскопски апарат за гастро и колоноскопија на Одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при Општата Болница Охрид

Views: 246 Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека интерното одделение доби нов ендоскопски апарат со кој значително се зголемува квалитетот и прецизноста во однос на изведување на интервенциите дијагностичка и тераписка гастро и колоноскопија. Апаратот е набавен на јавна набавка со средства обезбедени од Фондот за здравстено осигурување на Република Македонија.“Се обидуваме да согледаме што е потребно каде за да создадеме капацитет, бидејќи скринингот да функционира како што треба ќе треба инфраструктурата да се воспостави. Во Општата Болница Охрид имаме два одлични...

Продолжи со читање

„Парите се отепувачка“ вечер на репертоарот на Народен театар Охрид

Views: 193 АРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА” од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок (13.03.2026 година), почеток 20.00 часот.Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во неповторливиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“ Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.Адаптација и режија : Андреј ЦветановскиСцена, костими и видео...

Продолжи со читање