Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со мала облачност

Post Views: 167 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите во интервал од 2 до 18 степени Целзиусови.Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа кај Рача, загина 27 годишен охриѓанец

Post Views: 284 На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 76 годишно лице од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 27 годишно лице од Охрид. Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на мотоциклот констатирал смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.Полициски екипи предводени од јавен обвинител...

Продолжи со читање

8-ми март, Меѓународен ден на жената

Post Views: 247 Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна...

Продолжи со читање

Православните верници ја слават Тодорова сабота

Post Views: 215 Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните.Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на сончево и топло време

Post Views: 156 Наутро постудено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер, информираат од УХМР.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 0 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“

Post Views: 143 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“ која се одржува во Охрид и Скопје од 6-ти до 8-ми март.На средбата беше отворена кратка дискусија на која градоначалникот Пецаков ги запозна студентите со мерките и активностите кои Охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи. Тој потенцираше дека формиран е Штаб за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, ги информираше...

Продолжи со читање

Коалицијата „СЕГА“ е организацијата која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид

Post Views: 139 По завршување на распишаниот јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

ТСТГ: Дан требеТ шољи?

Post Views: 377 Наша сограѓанка, која вечерва со голем ентузијазам сакаше да присуствува на манифестацијата по повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, а организирана од страна на Општина Охрид, Женскиот центар „Бисера“ и Фото клубот „Охрид“, веднаш до НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид затекна многу непријатна глетка.Имено, во ресторанот веднаш до киното, надвор биле оставени еден куп вц шољи и материјали кои угостителите ги користеле при реновирањето.-Ево наша слика и прилика: центар на град! – вели изреволтирано нашата...

Продолжи со читање

Културни настани за 8-ми Март

Post Views: 109 Со богата културно уметничка програма што вечерва се одржа  во ЦК „Григор Прличев“ Општина Охрид, Женскиот Центар  „Бисера“ и фото клуб „Охрид“ го одбележаа 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената. „Жени  во фокусот“ беше изложбата на фотографии од 12 жени на Нина Ангелоска, а на настанот пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски:-Драги дами, прекрасни суштества без кои не може да се замисли овој Свет, верувајте ова е настан на кој е најтешко да се  одржи говор да се најде збор со кој ќе се...

Продолжи со читање

Увозници на овошје и зеленчук, маркети и аптеки казнети поради целосно непочитување на одлуките за ограничување на маржите

Post Views: 197 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) активно спроведуваат контроли кај трговците на големо и мало во согласност со одлуките на владата за ограничување на маржите и цените на основните производи.Во периодот од 24. февруари до 6. март 2025 година, 50 инспекторатски тимови извршиле 365 надзори кај правни субјекти во трговијата на мало и 64 надзори кај трговијата на големо,односно увозници и дистрибутери, опфаќајќи над 1.000 продажни места.„Досега, констатирани се 36 неправилности според законот за трговија и законот за заштита на...

Продолжи со читање

Јазовец во Лескоечка Пештера

Post Views: 325 Благодарение на воспоставениот мониторинг во Националниот парк Галичица, во Лескоечка Пештера е евидентиран јазовец.Јазовецот (𝓜𝓮𝓵𝓲𝓷𝓪𝓮) претставува ѕвер и припаѓа во семејството цицачи. Се храни со мали цицачи што живеат под земја. Активен е ноќе, а пленот го лови благодарение на добро развиените сетила за мирис, вид и слух. Со канџите и силните предни нозе копа тунели во потрага по плен. Јазовецот живее самостојно. Се пари во доцно лето или рана есен. Женките окотуваат од 1 до 5 млади, во подземно дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и се...

Продолжи со читање

Голем штрајк на германските аеродроми во понеделник

Post Views: 228 Речиси сите аеродроми во Германија ќе бидат погодени од 24-часовен штрајк во понеделник, што веројатно ќе влијае на стотици илјади патници, откако синдикатот Верди ги повика вработените во јавниот сектор и копнените служби да се напуштат. Планираниот штрајк означува голема ескалација во преговорите откако Верди одржа неколку отпуштања на некои аеродроми во Германија, вклучително и дводневен штрајк во Минхен, минатиот месец.Синдикатот предупреди преку соопштение дека патниците треба да се подготват за огромни ограничувања на полетувања и пристигнувања,...

Продолжи со читање