Автор: инфодеск
Views: 305 На 13 март 2026 година, во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена 41-годишна жена од Охрид.– Од преземените мерки, констатирано е дека жената повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје. СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за...
Се роди сто и дваесеттото дете во Охрид од почетокот на годинава
Views: 205 На одделението за Гинекологија и акушерство – Охрид се роди 120-тото бебе во 2026 година.-Ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука – за Вас, порачаа од одделението.Според д-р Мимоза Влаши раководител на Одделението за гинекологија и акушерство, бројот на новороденчиња бележи зголемување од 35% споредбено со истиот период од претходната година.Д-р Влаши додава дека зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и...
Свештеномаченик Протериј, патријарх Александриски
Views: 201 Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, а Диоскор беше симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен маж Протериј....
Денес сончево со мала локална облачност, од утре променливо облачно време со сончеви периоди
Views: 178 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од утре, сабота, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.Фото: Ѓоко Симјаноски
Објавени добитниците на стипендии за ученици и студенти за учебната 2025/2026 година за лица со ретки болести и посебни потреби
Views: 272 Во врска со објавениот Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2025/2026, Општина Охрид ја објавува ранг листата на добитници на стипендии, наменети за овие категории.Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 17.03.2026 до 19.03.2026 година, во мала сала на Општина Охрид од 09:00 до 12:.00 часот.Повеќе информации на...
За година и пол долгот на Општа болница Охрид е намален за еден милион евра
Views: 209 За година и пол долгот на Општата болница во Охрид е намален за еден милион евра. Најголемиот дел од обврските се однесувале на набавки на медицински материјали и лекови, кои се меѓу најголемите трошоци во работењето на здравствените установи.– Точно пред година и пол долгот беше 170 милиони денари нормално не може точно да се каже затоа што секогаш има тековни фактури и трошоци кои пристигнуваат. Во овој момент долгот изнесува 110 милиони денари. Или отприлика е намален за 1 милион евра кон побарувачите. Долговите пред се кон фармацевтските компании кон тие основни...
Не чекајте симптоми, правете контроли навреме, порачуваат од „Нефрологија“ Струга по повод Светскиот ден на бубрегот
Views: 263 Денес се одбележува Светскиот ден на бубрезите, под мотото: „Здрави бубрези за сите: Грижа за луѓето, заштита за планетата.“ Овој ден има за цел да ја зголеми свеста за значењето на здравјето на бубрезите и превенцијата од бубрежни заболувања.По тој повод зградата на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга беше осветлена како симбол на поддршка.Според глобалните податоци, околу 850 милиони луѓе во светот живеат со некаква форма на бубрежно заболување, додека во Македонија се проценува дека околу 100 илјади лица страдаат од хронична бубрежна болест. Околу...
Трајановски и Чен Чен од Синохидро го потпишаа Анекс бр.8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Views: 309 Денеска ставија потпис на Анексот 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.Претходно анексот го потпишаа заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и краен рок за...









