Автор: инфодеск
Post Views: 177 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата. Жените имаат сила, храброст, сообраќајно...
Вечерва изложба по повод Денот на жената на Фото клуб „Охрид“
Post Views: 238 По повод Денот на жената , 8-ми Март, Фото клубот „Охрид“ од Охрид ја најавува фотографската изложба насловена „Фрагменти на таа што создава“.– Придружете ни се во прослава на уметноста и женската енергија низ објективите на талентирани охридски фотографи, членови на клубот. Ве очекува вечер исполнета со инспиративни кадри, пријатна атмосфера и можност за убави разговори, порачуваат од клубот.Изложбата ќе биде поставена во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отворањето е закажано за денеска во 19:30 часот.
Поради дефект прекин во водоснабдувањето на „Крали Марко“ и „Абас Емин“
Post Views: 189 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Крали Марко“, „Абас Емин“ вклучувајќи ги и споредните улици на улицата „Абас Емин“, информираат од ЈП Водовод Охрид. Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.
Наоѓање на моштите на мачениците во Евгенија (395-423)
Post Views: 130 Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.
Сончево со максимални дневни температури до 17 степени Целзиусови
Post Views: 139 Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 4
Post Views: 164 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 06.03.2025 година, донесе:ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 8 УБ 8.1 ОПФАТ 4, ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.
Сеќавање на писателот Тоде Илиевски
Post Views: 191 Писателите преку стихови и анегдоти на настанот „Писателите за писателот Тоде“ денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се потсетија на својот починат колега и чест собеседник Тоде Илиевски.– Да беше жив Тоде утре ќе го славеше 73 роденден, рече в.д директорката на библиотеката Христина Трпеска која ги потсети присутните на животот и делото на писателот Илиевски.Илиевски едно време беше директор на Библиотеката а од оваа установа замина во пензија.Библиотекарот м-р Милчо Јованоски како сублимат од денешната средба ја обелодени неговата идеја...
Советот за развој на ЈЗПР ја усвои листата на приоритетни регионални проекти за 2025-та
Post Views: 177 Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа 14-та седница на која членовите, градоначалниците на општините од регионот беа информирани за реализацијата на проектите и активностите на Центарот за развој на ЈЗПР во 2024 година.На седницата со која претседаваше градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, на дневен ред беа точките за Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2025 година, Акцискиот план за 2025 година, Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој како и Годишните сметки на Центарот и донаторските...
Утре ќе бидат избрани 47 обвинители, во Охрид тројца, во Струга еден
Post Views: 182 Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред на 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија,...
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Локалниот Младински Совет и Ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
Post Views: 188 Ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид на 03.03.2025 година потпиша меморандум за соработка со Локалниот Младински Совет.-Целта на овој меморандум е да се зајакне и формализира соработката помеѓу двете организации, кои заедно ќе работат на креирање на нови можности и проекти за младите во нашата заедница. Овој меморандум ќе отвори можности за заеднички проекти, како и за размена на искуства и знаења помеѓу младите. Ова е голем чекор напред во создавањето на позитивна и продуктивна средина за младите, со фокус на нивниот личен развој...
Преподобен Тимотеј
Post Views: 159 Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.
Сончев и топол четврток
Post Views: 159 Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 0 до 16 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време за овој период од годината.