Автор: инфодеск
Views: 147 Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“, соопшти Министерството за локална самоуправа.Целта е да се поттикнат организации од двете земји да развиваат и спроведуваат заеднички проекти за унапредување на прекуграничната соработка. Вкупната финансиска алокација на програмата изнесува 3,43...
Пристигнаа првите 30.000 вакцини против сезонски грип, вакцинацијата од 16 до 25 октомври
Views: 155 Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати во земјава, а вакцинацијата се очекува да започне во периодот од 16 до 25 октомври, откако ќе се организира логистиката со центрите за јавно здравје, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Според најавите, првите дози ќе бидат наменети за најризичните категории граѓани. За вакцинација ќе биде потребно пријавување преку модулот за вакцинација во системот „Мој Термин“.Втората пратка од 26.000 вакцини се очекува да пристигне до 15 ноември. Со тоа, во моментов се планирани вкупно 56.000 дози, а...
Јавно излагање за промена на границите на две градежни парцели во Коњско
Views: 120 Општина Охрид закажа јавно излагање на проектна програма за изработка на урбанистички проект со кој се предвидува промена на границите на соседните градежни парцели ГП 1.6 и ГП 1.7, наменети за времен престој – хотели, во катастарската општина Коњско, во рамки на туристичкиот локалитет Горица – Св. Стефан – Метропол.Јавното излагање ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Охрид.Со проектот се предвидува дел од катастарската парцела 2434/2 да се префрли од ГП 1.6 во ГП 1.7, додека дел од парцелата 2435/1, на кој се...
Јавно излагање за урбанистички проект на парцела ГП 1.17, во рамки на ДУП за УЗ 8 во Охрид
Views: 150 Општина Охрид закажа јавно излагање на Проектната програма за изработка на урбанистички проект со план на парцелација за градежната парцела ГП 1.17, формирана во рамки на ДУП за УЗ 8, УБ 8.2, Блок 1, во КО Охрид 2.Јавното излагање ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Охрид.Со проектот е предвидено дел од катастарската парцела 11497/1 да се припои кон реализираната сообраќајница на улицата „Јане Сандански“, со што ќе се намалат површината на градежната парцела, површината за градење и вкупната развиена површина.Од...
Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“
Views: 136 Жири-комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби на конкурсот на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ и ги избра најдобрите трудови, информираа од Општина Охрид.Во категоријата литературни творби, наградени се:Прва награда – 7.000 денари: Андреа Милеска (12 години), ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.Втора награда – 5.000 денари: Филип Темелков, V одделение, ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.Трета награда – 3.000 денари: Теодора Стојаноска (8 години), ООУ „Св. Наум Охридски“ – с. Пештани, Охрид.Во категоријата...
Охрид конечно добива современ дом за стари лица
Views: 173 Охрид, конечно добива современ старечки дом, прв во целиот Југозападен регион. Објектот е комплетно изграден во анселбата Далјан на самиот брег на Охридското Езеро. Покрај сместувањето предвидени се и дополнителни здравствени содржини. Со овој проект се решава еден од долгогодишните проблеми -. недостигот од институционална грижа за старите лица.„Од наша страна инфраструктурно се уредуваше земјиштето во оваа година, заедно со ЕВН, приклучокот на струја, приклучокот на канализација, вода и сите оние потребни инфраструктурни зафати за...
Вевчани, туристичка дестинација во сите сезони
Views: 132 Расте бројот на туристи, во зеленото Вевчани нема туристичка сезона –гости има преку цела година. Подножјето на Јабланица, Вевчанските извори, традицијата, гастрономијата и препознатливиот дух на Вевчани и во есенските месеци го привлекуваат вниманието на туристите. Најживо е за време на викендите, а интересот се повеќе се насочува кон активниот и планинскиот туризам. Организираните еднодневни и викенд ексурзии со странски гости, кои уживаат во живописната природа на Јабланица и трaдиционалната храна.„Секако, туристичката...
Без вода Трпејца и Љубаништа поради дефект на електродистрибутивната мрежа
Views: 158 Поради настанат дефект на електродистрибутивната мрежа, од 10:00 часот во прекин со работа се пумпните станици во селата Трпејца и Љубаништа, информираат од ЈП Водовод Охрид.Се додека не заврши отстранувањето на дефектот од страна на ЕВН Македонија, ќе има прекин во водоснабдувањето во селата Трпејца и Љубаништа, посочуваат од јавното претпријатие.









