Автор: инфодеск
Views: 241 На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишен маж од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од 17 март нов директен лет Охрид – Братислава
Views: 312 Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.Ќе ја одржува авиокомпанијата WizzAir, а ќе се лета три пати неделно.Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу двете држави без разлика дали се во областа на туризмот, бизнисот или меѓучовечките односи, велат од амбасадата на Словачка во земјава.-Директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата,...
Собрани се средства за почеток на лекувањето на малата Ева, потребни се уште 45.000 евра за операција
Views: 222 Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне!– објавија од семејството на Ева.Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, 143-126 на мрежата на Telekom и 143-504, преку мрежата на А1 и сметката за донации и кампањата преку платформата ecrowd.mk.Семејството на Ева упати благодарност до сите хумани граѓани за сета грижа, љубов и несебичност во овој...
Граѓаните да внимаваат на лажни SMS пораки со известување за казна од Безбеден град
Views: 274 Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.-Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти. СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува...
Ретки бубрежни заболувања: Фамилна хипомагнеземија, хиперкалциурија и нефрокалциноза
Views: 235 Март е месец посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, а оваа година на 12-ти март ќе се одбележи јубилејниот, 20-ти по ред Светски ден на бубрегот. Ретките болести на бубрезите се исклучително комплексни, често тешко се дијагностицираат и бараат специфичен, доживотен третман.Фамилна хипомагнеземија, хиперкалциурија и нефрокалциноза/Familial hypomagnesemiа, hypercalciuria and nephrocalcinosis MKБ: E 83.4Преваленца/распространетост: 1/1.000.000Фамилна хипомагнеземија, ниско ниво на магнезиум во крвта, која е проследена со хиперкалциурија,...
Проекција на драмскиот филм „Уште една игра“ во рамки на иницијативата Кино „Четврток”
Views: 370 Во рамките на иницијативата Кино „Четврток”, на 12 март 2026 година во Охрид ќе се одржи премиерната проекција на драмскиот филм Уште една игра.Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишно момче од Чучер-Сандево кое сонува да стане професионален гејмер. Кога неговиот најдобар пријател Димитар добива можност да се пријави на селекција за една од најдобрите eSports екипи во Европа, Мартин ја гледа шансата да го направи својот прв чекор кон сонот. Приказната отвора прашања за пријателството, амбицијата и предизвиците со кои се соочуваат младите на...
Парите се отепувачка во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
Views: 342 “ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА” од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок (13.03.2026 година), почеток 20.00 часот.Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во неповторливиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“ Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.Адаптација и режија : Андреј ЦветановскиСцена,...
Свети Порфириј, епископ Гаски
Views: 243 Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш раслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена, постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение...









