Автор: инфодеск
Views: 298 Во врска со објавен Јавен повик за доделување стипендии на ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2025/2026 година и стипендии за редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државните универзитети во други земји за академската 2025/2026 година кои живеат во потешки социјални услови, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии, наменети за овие категории.Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши...
Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“ и „Српница“
Views: 291 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 16:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кленоец “ и „Српница“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Кривични пријави против тројца албански државјани за незаконит риболов
Views: 270 Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија.– Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов”, по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти и...
Сообраќајка кај Мислешево, лишен од слобода еден од возачите кај кого биле констатирани 1,57 промили алкохол во крвта
Views: 275 На 08.03.2026 во ОВР Струга е пријавено дека во 09:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, кај селото Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од Охрид и „фиат” со охридски регистарски ознаки, управувано 47 годишна охриѓанка.. При преземање мерки и извршено алкотестирање, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга кај возачот на возило „голф” констатирале 1,57 промили алкохол во крвта, по што го...
Бензините поскапуваат зо 5 денари, дизелот за 14.5 денари
Views: 214 Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 14.27%.Во согласност со методологијата која се користи за пресметување на цените, од вечерва на полноќ значително се зголемуваат малопродажните цени на горивата.Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 5.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81.50 денари.Енормно е и зголемувањето на цената на дизелот. Од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се...
Ретки бубрежни болести: Примарна хипероксалурија тип 1
Views: 226 Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Тоа е ретка наследна болест која главно ги зафаќа бубрезите. ПХ1 се јавува кај едно на 120 000 раѓања и се пренесува автосомно рецесивно. Неодамнешните генетски истражуцања во Америка укажуваат дека болеста е многу почеста. Последица е на натрупување на супстанција наречена оксалат, која нормално се филтрира преку бубрезите и се отстранува преку урината. Кај пациентите со ПХ1, акумулираниот оксалат се таложи во бубрезите и уринарниот тракт, се врзува со калциум и формира нерастворливо соединение...
Јавен повик за финансисирање на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026
Views: 286 Општина Охрид објави Јавен повик за финансиска поддршка на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026 година.Предмет на Јавниот повик е доделување финансиска поддршка за реализација на микропроекти од јавен интерес, со цел поттикнување на локален економски развој, унапредување на туристичката понуда, зачувување и промоција на културното и природното наследство, како и подобрување на квалитетот на живот во општината.Максимален износ по проект е 200.000,00 денари. Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 2.000.000...
42 садници го збогатија Холандскиот парк
Views: 286 Активистите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ вчера, на 8 март, реализираа еколошка акција за садење дрвја во Холандскиот парк во Охрид. Акцијата беше насловена “За тебе засадив дрво”, a целта беше одбележување на Меѓународниот ден на жената преку дружење и грижа за природата.Во рамки на акцијата беа засадени вкупно 42 садници, односно нов дрворед и неколку украсни дрвца кои ќе придонесат за раззеленување и уредување на овој дел од градот.Организаторите упатија благодарност до компанијата „Еко Флуид“, која ја поддржа овогодишната...









