Автор: инфодеск
Post Views: 274 На 27-ми февруари 2025 година, во 15:20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св. Јован Владимир“ во струшкото село Подгорци, и биле одземени пари.– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Кривична пријава за директорот на ЦК „Григор Прличев“
Post Views: 184 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.– Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари, информираат...
Денес почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах
Post Views: 307 Денес со почеток во 12 часот, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,На Пионерската лига ќе учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март 2025г....
„Кумови“ вечерва повторно на репертоарот пред охридската публика
Post Views: 235 Поради зголемениот интерес на театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ денес повторно на репертоарот.Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот...
Денес седници на советниците во Општина Охрид и Општина Дебрца
Post Views: 155 Советниците во Општина Охрид денес во 9 часот ќе ја одржат 53. седница, а советниците во Општина Дебрца ќе ја одржат 43. која ќе започне во 10 часот.Во Советот на Општина Охрид ќе се дебатира за следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 52-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор...
Светиот апостол Онисим
Post Views: 151 Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колоси во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па, бидејќи Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани состави кои воопшто постојат во Светото Писмо. „Те молам“, пишува, „за мојот син Онисим, кого го родив во оковите...
Променливо облачно со максимални 12 степени Целзиусови
Post Views: 157 Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.За време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
Одбележана годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков
Post Views: 232 Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков. Се поклонаа и положија свежо цвеќе и делегации на Подрачната единица на историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Миоклонична дистонија
Post Views: 162 МИОКЛОНИЧНА ДИСТОНИЈА/ MYOCLONUS DYSTONIAMKБ-10 G24.1ПРЕВАЛЕНЦАСе смета дека проценетата фреквенција на овој синдром е 1 до 9 на 1 000 000 деца и обично започнува во првата или втората деценија од животот.ВОВЕДМиоклонус-дистонија е ретко и сложено невролошко нарушување на движењето кое влијае на поединци и семејства низ светот. Миоклонус претставува термин кој се користи за опишување на кратки грчеви на телото кои се „како громови“. Миоклоничната дистонија се карактеризира со комбинација на дистонија, т.е. континуирани или повремени мускулни...
„Гушни за ретки“ утре на Градскиот плоштад
Post Views: 213 Утре на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12:00 часот ќе се одржи настанот „Гушни за ретки“ во организација на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Настанот е организиран на иницијатива на Хрватскиот сојуз за ретки болести, поддржан од националните алијанси и здруженија за ретки болести на Балканот.-Целта на настанот е да покажеме колку е важна секоја прегратка – симбол на единство, разбирање и поддршка за лицата кои живеат со ретки болести. На овој начин сакаме да ги охрабриме оние кои се соочуваат со овие предизвици да знаат...
Водечка причина за смртност во земјава се кардиоваскуларните заболувања
Post Views: 173 Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Статистичките податоци од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека во земјава повеќе од 57% од смртните случаи се последица на срцево-садовите заболувања.Особено загрижува тоа што се почесто заболуваат лица помлади од 60 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Токму затоа Црвениот крст со низа активности и предавања ја одбележува неделата за борба против срцево задови заболувања.„ Фрапантни се бројките дури две третини од...
Урбанистички метаморфози на СОС Охрид: Продолжуваме со истражувањата за планската документација кај Маларична
Post Views: 359 СОС Охрид со допис за уште едно истражување низ планската документација за опфатот кај Маларична кое го пренесуваме во целост:Истражувајќи низ планската документација за опфатот кај Маларична, почнаа да излегуваат на виделина чудни ситуации.1. ОТУЃУВАЊЕ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ПРИВАТНИ ИНТЕРЕСИПрво и основно: која е потребата од отуѓување на државно земјиште, чија елементарна намена се подразбира дека била, е и мора да остане јавна? Кој и зошто иницирал промена на намената на земјиштето и промена на сопственоста, на крај, државно земјиште да...