Автор: инфодеск
Views: 246 Започнаа активности за целосно уредување на улиците во населбата Бараки во Охрид, со што овој дел од градот треба да добие поуреден и побезбеден изглед.-Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани. Продолжуваме со исто темпо и во наредниот период, вели градоначалникот Пецаков.Акцијата е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање пофункционални улици за граѓаните.
31-ва изложба на жени сликарки во организација на Женски центар ,,Бисера”
Views: 213 Во прекрасна и инспиративна атмосфера, во чест на 8 ми Март, Женски центар ,,Бисера” ја одржа својата 31 -ва изложба на жени сликарки, на која беа претставени бројни уметнички дела исполнети со боја, емоција и креативност.На присутните им се обрати претставничка од Општина Охрид, која упати честитки и подршка, со желба и во иднина да се создаваат уште многу обоени платна и успешни уметнички приказни.Манифестацијата беше збогатена со настап на млади таленти од музичкото училиште ,,Методи Патче” од Охрид....
„Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот Охрид Опен
Views: 299 Теквондо клубот „Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот „Охрид Опен“, кој се одржа викендов во Охрид и воедно беше прв турнир од новата сезона во рамките на Македонската теквондо лига. Турнирот беше во организација на ТК „Хваранг Фист“, под покровителство на Македонската теквондо федерација, Општина Охрид и Министерството за спорт на Република Македонија. На натпреварот учествуваа голем број клубови и натпреварувачи, а младите теквондисти на „Хваранг Фист“ покажаа одлична подготвеност, борбеност и спортски дух.Во машка конкуренција, со златенмедал се...
Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
Views: 203 Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето тоа, кога царот...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 235 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Пецаков: 8 Март нека биде потсетник за почитта и благодарноста што жените ја заслужуваат секој ден
Views: 318 Нема зборови со кои може да се опише колку е значајна и незаменлива вашата улога во семејството и во општеството, вели во честитката упатена до припадничките од понежниот пол, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Со вашата сила, мудрост, посветеност и љубов, секојдневно го правите светот поубав и посреќен. Вашиот труд и пожртвуваност се препознаваат во сите сфери на животот, а нашата заедница е посилна токму благодарение на вас, вели Пецаков посакувајќи им на сите охриѓанки, почитувани дами, мајки, сопруги,...
12 жени во фокусот – Општина Охрид под мотото „Создадена да создава“ го одбележа 8-ми Март
Views: 278 Под мотото „Создадена да создава“, Општина Охрид организираше празнична програма во чест на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.Во рамки програмата во „Арт Тераса“ се одржа изложбата на фотографии „Жени во фокусот“, каде што пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Денес, е многу важно да ја споменеме заштитата на жената и нејзиното достоинство. Нашата заедничка обврска е да градиме средина во која секоја жена ќе се чувствува безбедна, почитувана и ценета. Средина, во која жените ќе имаат простор да ја изградат...
Доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“
Views: 269 Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски во Општина Охрид се одржа литературна манифестација на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Билјана Коталески, советничка во Советот на Општина Охруид.–Творештвото на Тоде Илиевски претставува вредно наследство кое и денес инспирира. Неговите песни, создадени со искрена љубов кон детскиот свет, носат пораки за добрина, надеж и верба во убавината на соништата.Токму преку таквите...









