Skip to main content

Автор: инфодеск

Оскаровецот Џин Хекман пронајден мртов заедно со својата сопруга во нивниот дом

Post Views: 267 Легендарниот актер, 95 годишниот Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе.-Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта и чекаме да биде одобрена наредбата за претрес, изјави Адан Мендоза, шериф на округот Санта Фе, додавајќи дека причината за смртта се уште не е утврдена, пишува Тhe Sun.Американскиот актер и романсиер Џин Хекман, широко беше оценет како еден од најголемите актери на својата генерација.Во неговата...

Продолжи со читање

Продолжува трендот на негативен природен прираст на населението во Охрид

Post Views: 191 Бројот на живородените деца во Охрид во четвртото тримесечје од 2024 година е 11. Бројот на умрените лица е 167. Природниот прираст е негативен и изнесува -56, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во статистичкиот период во Охрид се склучиле 56 бракови, а имало 14 разводи.Во Струга во четвртото тримесечје од 2024 година има позитивен природен прираст на населението. Бројот на живородените деца е 119 , починале 115 лица, што значи дека 4 лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените...

Продолжи со читање

Tеатарската претстава „Кумови” утре повторно пред охриѓани

Post Views: 254 Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, а во режија на Билге Емин, утре петок, 28 февруари, со почеток во 20.00 часот повторно ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“.Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.Карти во продажба на билетара при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

Продолжи со читање

Во недела за прочка ќе се одржи традиционалниот маскенбал во Велгошти „Емшири 2025“

Post Views: 288 По повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка, традиционално и оваа година во Велгошти, на 2 март, недела, ќе се одржи маскенбалот „Емшири 2025″.Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште “Тодор Александров”.-Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.

Продолжи со читање

Вечерва во Струга ќе биде отворена изложбата Digital He(Art) на Енкел Дика

Post Views: 224 Уметникот Енкел Дика, вечерва ќе ја отвори изложбата „ Digital He(Art)“, преку која тој порачува дека „Уметноста има срце, а дигиталниот дизајн-душа“.Изложбата ќе биде отворена вечерва, четврток, 27 февруари 2025 година во Europe House во Струга со почеток во 20:00 часот.– Истражете како технологијата и емоцијата се спојуваат во визуелни дела што оставаат траен впечаток. Не ја пропуштајте оваа вечер, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од Љубен Цветкоски

Post Views: 182 Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски. -Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печат стихозбирката НАСОЛЗЕНО ЦВЕЌЕ од Љубен Цветкоски. Тоа е книга создадена од за жал очај и болка и непребол по прерано починатиот син. Таа семејна трагедија и траума нашиот Љубен се обидува преку стихови да ја надмине а од друга страна нам да ни ја пренесе неговата поврзнаост со синот и семејството, рече в.д директорката на нашата библиотека Христина Трпеска....

Продолжи со читање

Свети Кирил, учител словенски

Post Views: 170 Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлече на гората Олимп, во манастирот каде што игуман беше неговиот постар...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремен локален дожд

Post Views: 137 Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.Денешните температури во Охрид во интервал од 3 до 11 степени Целзиусови.Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.

Продолжи со читање

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

Post Views: 183 Општина Охрид информира дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и на линкот.Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е ...

Продолжи со читање

Во петок почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах

Post Views: 298 Во петок 28.02.2025 со почеток во 12:00, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,На Пионерската лига учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хипофосфатемичен рахитис

Post Views: 193 ИКС-ВРЗАН ХИПОФОСФАТЕМИЧЕН РАХИТИС/X-LINKED HYPOPHOSPHATEMIC RICKETSMKB-10 E83.31ПРЕВАЛЕНЦАХипофосфатемичниот рахитис поврзан со Х-хромозомот е најчестиот облик на рахитис што се јавува во семејствата. Засегнато е 1 од 20 000 новороденчиња. Оваа болест се појавува подеднакво кај двата пола.ВОВЕДХ-поврзаната хипофосфатемија (XLH) е наследна болест која се карактеризира со ниски нивоа на фосфати во крвта. Нивоата на фосфати се ниски бидејќи фосфатот ненормално се обработува во бубрезите што предизвикува губење на фосфати во урината (трошење...

Продолжи со читање

ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата “Вис” во село Велгошти

Post Views: 188 ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата „Вис” во село Велгошти.-Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 155 метри, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање