Skip to main content

Автор: инфодеск

143126 (Telekom) – телефонски број за донации за Ева

Views: 329 Продолжува хуманитарната акција за помош на малата Ева од Охрид, 10 годишно девојче кое се бори со агресивна форма на рак.Отворен е број за донација на мрежата на Telekom, сите кои можат и сакаат да помогнат тоа можат да го направат преку вртење на бројот 143126 .Дополнително, сите хумани граѓани можат да донираат и преку трансакциската сметка:Комерцијална Банка: 300017123936746Сите хумани граѓани можат да донираат според своите можности и на платформата ecrowd.mkНа Ева од Охрид, ѝ е потребен интензивен и долготраен третман во странство во специјализирани...

Продолжи со читање

Охрид трчаТ прогласен за најдобар спортски настан за 2025 година

Views: 381 Манифестацијата „Охрид трчаТ“ – Ohrid Running Weekend 2025 е добитник на наградата за Најдобар спортски настан за 2025 година, која се доделува во рамки на BEAM Festival.Организаторите на настанот соопштија дека признанието претставува голема чест за целиот тим што стои зад организацијата на оваа спортска манифестација, која изминатите години прерасна во еден од најзначајните спортски настани во земјава.„Ова признание е за сите што веруваат во спортот, заедништвото и енергијата што секоја година ја носиме и градиме во Охрид“, велат организаторите.Тие...

Продолжи со читање

Наоѓање на моштите на мачениците во Евгенија

Views: 266 Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.

Продолжи со читање

Денес сончево

Views: 266 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат од 1 до 13 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините.

Продолжи со читање

Локализиран пожарот на Буково

Views: 231 Од Ј.П.,,Охридски Комуналец” информираат дека пожарот што избувна пред три дена на депонијата Буково е локализиран, а на терен интервенираа екипи на противпожарната единица и со употреба на специјална механизација, цистерна со вода, како и посипување со земја.-Во изминатите три дена на локацијата е посипана земја во количина од околу 400 м³, со цел целосно гаснење и спречување на повторно разгорување на пожарот, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

 Ликовна работилница „Со љубов за мама“ вечерва во Охрид мол

Views: 240 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес во Охрид мол ќе се одржи ликовна работилница каде преку боја, цртеж и креативност ќе изработат подарок за својата мајка.Рботилницата ќе започне во 19 часот.

Продолжи со читање

Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа втората седница

Views: 230 Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.На седницата беа разгледани и усвоени 22 точки од дневниот ред, меѓу кои Акцискиот план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2026 година, како и Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2025 година со интегриран финансиски извештај.–Посебно значајно е што беше усвоена и Приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година, со која...

Продолжи со читање

Струга Црн Дрим

Укината забраната за користење на водата за пиење во Струга

Views: 351 По речиси еден месец ограничувања, укината е забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга, откако последните анализи покажале дека водата е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.Според информациите од надлежните од Центар за јавно здравје Охрид, неколкудневните континуирани лабораториски анализи покажале дека матноста на водата е во дозволените граници, што беше и главниот услов за укинување на претходно воведената забрана.Забраната беше воведена поради зголемена матност на водата од изворот „Шум”, по што граѓаните подолг...

Продолжи со читање