Автор: инфодеск
Post Views: 198 Левица – Охрид поднесе Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети.-Сметам дека во изминативе три децении многу традиционални охридски занаети се изумрени и заборавени, па добро би било да ги оживееме со тоа што кај младите ќе го поттикнеме интересот за нивно изучување. Пример, отворање на летна резбарска школа, која во минатото беше и дел од формалното образование, кога со заинтересираните работеа познати охридски резбари, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска во Советот на Општина...
Православен календар: Преподобен Мартинијан
Post Views: 190 Житието на овој светител е чудесно и прекрасно.Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го...
Денес и утре без електрична енергија селата Вевчани, Октиси, дел од Лабуништа и Велешта поради инвестициски зафати
Post Views: 234 Денес, среда, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, Велешта -училиште, Амза, Каба, Кондри, Бензинска пумпа – Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инвестициони зафати во ТС 31/10 Суво Поле.Утре, четврток, во периодот од 15:00 до 16:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат Вевчани, Октиси, Лабуништа влез индустриска зона, с. Велешта, Бензинска Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инестициони зафати во ТС...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 144 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од утре, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.
Распределени финансиските средства од програмата за спорт и рекреација за 2025 година
Post Views: 164 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, Правилникот за критериумите, условите и постапката за субвенционирање и распределба на финансиските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за програми на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, настани, проекти спортисти и други правни лица од областа на спортот бр. бр. 09-75/1 од 08.01.2025 година, објавениот Јавен повик за распределување на буџетските средства од...
Повторно опожарена трска во крајбрежниот појас на регионалниот пат Струга-Калишта
Post Views: 236 На 23-ти февруари 2025 година, во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со трска во струшкиот крајбрежен појас на брегот на Охридското Езеро, покрај регионалниот пат Струга-Калишта, настанал пожар.– Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Градски Пазар издава слободни тезги под закуп
Post Views: 171 Јавното претпријатие Градски Пазар информира дека издава слободни тезги под закуп. Тие располагаат со околу 150 тезги за закуп на земјоделски производи, од кои 80% се издадени на годишно ниво.-Пазарот во секое време располага со слободни тезги, условите се добри,па сите заинтересирани можат да се обратат во административната служба на Градски Пазар за подетални информации, информираат од јавното претпријатие.
Црвен Крст Охрид обезбедува бесплатна лична асистенција на лица со попреченост
Post Views: 180 Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М.Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид...
Гордост на Македонија: Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација
Post Views: 369 На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија.-Оваа година, нашите натпреварувачи постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, како и 5 пехари за најдобри поединци. Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција. Македонската екипа составена од 19 натпреварувачи, 2 судии, 2 тренери и 3...
Утре промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски
Post Views: 208 Утре, среда од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски.Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него.Стихозбирката е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, кој е и уредник на изданието а ќе биде прочитана и рецензијата на...
„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во сабота повторно за најмладите
Post Views: 194 На барање на публиката, детската претстава „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ на Детското драмско студио „Драмакидз“ повторно ќе биде изведена на во сабота, 01 март, со почеток во 12.00 часот.-„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата, велат од...
Денеска роденденска „Импровокација“
Post Views: 223 Култното шоу „Импровокација“ денес слави 9 години. Роденденското издание на „Импровокација“ е закажано за денеска, 25 февруари, од 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.