Автор: инфодеск
Views: 225 Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, традиционално се отвора прашањето за улогата и положбата на жената во современото општество. Иако во последните години се забележуваат одредени позитивни промени, жените сѐ уште не се доволно застапени во процесите на одлучување и во креирањето на општествените политики.Од невладиниот сектор велат дека напредок има, но дека рамноправноста сѐ уште не е достигната и дека потребни се многу повеќе системски решенија за вистинска еднаквост. „Жената треба да се слави...
Инвестиции за чиста вода во Струга и заштита на Охридското Езеро
Views: 219 Два значајни проекти за водоснабдувањето на Струга и заштитата на Охридското езеро се во фаза на реализација.Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со министерот за животна средина, Мухамет Хоџа, реализираа теренска посета за да извршат увид во работите за изградба на модерен водоводен систем, инвестиција во вредност од 90 милиони денари, со која се врши замена на старите азбестни цевки со безбедни и современи материјали.Овој проект ќе обезбеди постабилно водоснабдување, намалување на загубите и подобар квалитет на водата за граѓаните. Во моментов се...
Културна манифестација „Создадена да создава“ по повод 8 Март во Охрид
Views: 388 Со културната манифестација „Создадена да создава“ ќе биде одбележан 8 Март во Охрид. Настанот е во организација на Општина Охрид, НУ Охридско лето, Женски Центар „Бисера“ – Охрид и Фото Клуб- Охрид.Програмата започнува со изложба на фотографии „Жени во фокусот“ на младата охриѓанка Нина Анѓелоска утре (07.03.2026) во 17:30 часот во „Арт Тераса“, по што следуваат врачување на фотографии на „12-те Жени во фокусот“, како и концерт со Кате Танева и Ѓорѓи Ѓорчев од 18 часот.Од 18:30 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде...
Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски
Views: 345 Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, охридски поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година (сабота) во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Охрид, а во рамки на манифестацијата ќе бидат прогласени победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.Организаторите истакнуваат дека манифестацијата има за цел да му оддаде достојна почит на Тоде Илиевски, автор кој остави значајна трага во културниот и книжевниот...
Укината забраната за пиење на водата во Долно Лакочереј, но не и во Горно Лакочереј
Views: 182 ЈП Водовод Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати се укинува забраната за пиење на водата.Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, до следно известување, посочуваат од претпријатието.
Преподобен Тимотеј во Символи
Views: 226 Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.
Сончево и релативно топло време
Views: 230 Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денешните температури ќе бидат од минимални 2, до максимални 13 степени Целзиусови.Од УХМР инфомрираат дека и утре ќе преовладува претежно сончево време, а недела и понеделник ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
Охридските гимназијалци победија на хакатонот на ФЕИТ
Views: 323 Втоникот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, се одржа вториот ден од хакатонот, а учествуваа учениците Дарио Павлески, Елена Стојоска и Илија Волканоски, предводени од нивниот ментор Елизабета Левеска. Како што информираат од охридската гимназија, тимот активно се вклучил во сите предвидени активности, покажувајќи висок степен на ангажираност, тимска работа и техничка подготвеност.Работниот предизвик бил започната веб-страница составена од фајлови во HTML, CSS и JavaScript, да ја доработат и функционално да ја...









