Автор: инфодеск
Post Views: 181 Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.
Денес облачно со услови за слаб дожд
Post Views: 150 Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Температурите ќе бидат во постепен пораст.Температурите во Охрид во интервал од 1 до 7 степени Целзиусови.
Во петок ќе се одржи 53. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 144 Свикана е 53. седница на Советот на Општина Охрид за 28.2.2025 година (петок) со почеток во 09:00 часот. За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 52-та седница1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.2. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.3. Предлог-одлука за разрешување и...
Дефект на водоводната мрежа во Пештани
Post Views: 355 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 15:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од с.Пештани .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат во нивното соопштение.
Утре д-р Бранка Милачиќ во просториите на Црвен крст ќе одржи предавање за превенција и третман на болестите на срцето
Post Views: 231 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ организира низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања.-Во соработка со Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид на 24 февруари, понеделник, со почеток во 11 часот во просториите на Црвен крст Охрид Д-р Бранка Милачиќ, специјалист кардиолог во...
Месопустна недела, една недела пред почетокот на великиот пост
Post Views: 170 На овој ден вршиме спомен на неизбежното второ доаѓање Христово, и тоа го уредија божествените отци да го правиме во неделата по параболата за блудниот син, за никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост, велејќи си „Господ ги сака луѓето, па и јас, иако сум одделен од Него заради гревот, сè е подготвено за моето исправање“. Овој страшен ден на судот е одредено да се слави сега за оние коишто живеат во мрзливост да бидат охрабрени да стекнат добродетели, и да не се надеваат само на љубовта Божја, туку да сфатат дека Он исто...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Плазматицом
Post Views: 184 ПЛАЗМАЦИТОМ/ PLASMACYTOMAMKБ-10 C90.3ПРЕВАЛЕНЦА – непознатаВОВЕДПлазмацитомот е многу ретка состојба, слична на мултипен миелом. Претставува локализирана маса на неопластични моноклонални плазма-клетки со приближно зафатеност од 5 % од сите неоплазми на плазма-клетките. Како и мултипниот миелом, плазмацитомот се јавува кога плазма-клетките, уште наречени и Б-клетки, се претвораат во абнормални клетки кои се размножуваат и стануваат солитарни тумори кои влијаат на коските, меките ткива во главата и вратот или кој било орган во телото, како мочниот...
Охрид презентиран на Меѓународниот саем за туризам во Белград
Post Views: 191 Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претстави својата богата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.Градоначалникот, Кирил Пецаков оствари средба со...
Театарската претстава “Снежана и нејзиниот принц” утре за најмладите
Post Views: 297 На далеку прочуениот “Весел Театар” доаѓа во Охрид, со театарската претстава за деца “Снежана и нејзиниот принц” – претстава, коja како што велат организаторите, по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија. По барање на охридската публиката, закажана е оваа атрактивна детска театарска претстава за утре, недела 23 февруари, во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 12h.Претставата ќе биде изведена во живо, пропратена со новокомпинирани детски музички песни, кои се специјално креирани за оваа детска претстава.Резервации можат да се направат...
Црвен крст Охрид денес организира информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок
Post Views: 208 Црвен крст Охрид денес, 22 февруари, на градскиот плоштад со почеток во 13 часот организира информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок.На штандот граѓаните ќе можат бесплатно да го измерат нивниот крвен притисок и да добијат информации за неговото значење, да се информираат за превенција на срцево-садовните заболувања, да добијат совети за здрав начин на живот – исхрана, физичка активност, контрола на стресот и други корисни препораки, но и да дознаат повеќе за мисијата на Црвен крст Охрид и како да станат дел од нивните активности и хуманитарни...
Задушница
Post Views: 183 Според календарот на Македонската православна црква денес е Задушница. Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да...
Сончева и студена сабота
Post Views: 171 Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денешните температури во интервал од -5 до 5 степени Целзиусови.Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег, велат од УХМР.