Автор: инфодеск
Post Views: 397 Наши сограѓани ни испратија слики со пропратен коментар во нашата најчитана рубрика „Ти си твојот град“. Тие реагираат на оштетена цевка која се наоѓа пред вилите на плажата Св. Стефан од која се шири неопишлива смрдеа.-Недозволиво и срамно е, на една од најубавите плажи полна со вили и ресторани, место кои охриѓани го користат за рекреација не само преку викендот, туку цело време луѓето се движат на оваа плажа, се шири страшна ареа на канализација од пукнатата цевка. Срамота е ваква убавина да се огрдува со ваква слика и мирис, реагираат нашите...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Трејчер Колинс синдром
Post Views: 188 ТРЕЈЧЕР КОЛИНС СИНДРОМ (ТКС)/ TREACHER COLLINS SYNDROME (TCS)MKБ-10 Q75.4ПРЕВАЛЕНЦАСе смета дека проценетата фреквенција на овој синдром е 1 случај на 50 000 живородени деца 1-9/ 100 000 население).ВОВЕДТрејчер Колинс синдром (ТКС) е генетско нарушување кое се карактеризира со деформитети на ушите, очите, јаготките и брадата. Степенот до кој лицето е засегнато може да варира од благ до тежок. Компликациите можат да вклучуваат проблеми со дишењето, проблеми со видот, расцеп на непцето и губење на слухот. Засегнатите, генерално, имаат нормална...
21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Post Views: 286 Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу...
Утре во Струга ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар
Post Views: 258 Утре, сабота 22. февруари од 14 до 16 часот во пливачкиот базен Струга ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар.Од управата на базенот информираат дека целта на овој натпревар е испраќање порака до сите дека по долги години повторно се обезбедени услови за работа и практикување на овој спорт.Воедно ги известуваат сите што ги користат услугите на пливачкиот базен дека терминот од 14 до 16 часот во сабота на 22.02. ќе биде резервиран за ревијалниот ватерполо натпревар.
Грант од милион евра од Шпанија за Охридското езеро
Post Views: 285 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити одржа работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортиз.Меџити го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и министерството за животна средина, а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија.– Нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека...
Учениците кои се дел од проектот ,,Поддршка за модернизација на системот за образование и обука“ на обука во ЈП Градски Пазар
Post Views: 218 Дел од учениците кои се учесници во Твининг проектот ,,Поддршка за модернизација на системот за образование и обука“, деновиве се на практичната обука во ЈП Градски Пазар Охрид.Од јавното претпријатие информираат дека учениците се обучуваат со работата непосредно во работниот процес под раководство на ментор назначен од Директорот на претпријатието.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествува на Меѓународниот саем за туризам во Белград
Post Views: 174 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 46-от Меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград, кој се одржува од 20-23 февруари.Од АППТ информираат дека македонските туристички потенцијали се промовираат на репрезентативен штанд на кој учество земаа општините Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга, хотел Тино и Армада од Охрид.-Во однос на транзитниот туризам со оглед на фактот дека Србите патуваат и во соседна Грција, македонскиот туристички сектор ја збогатува понудата за да останат ден повеќе во Македонија. Забележана е...
ЈЗУ Св. Еразмо започна со користење на видео сетот за интубација
Post Views: 257 Од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид информираат дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од вчера активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.Видео сетот за интубација овозможува подобра визуелизација и поголема прецизност, зголемен и јасен...
Спомен на Свети Сава II, архиепископ Српски
Post Views: 160 Син на кралот Стефан Првовенчан, а внук на Свети Сава Први. Пред монашењето се викаше Предислав. Следејќи го примерот на својот голем чичко, Предислав се замонаши и ревносно се предаде на подвиг. Беше избран за архиепископ српски после свети Арсениј. Под името Сава Втори, управуваше со Црквата со голема предаденост и љубов. Се упокои во 1268 година. Моштите му лежат во манастирот во Пеќ.
Времето денеска: сончево и студено
Post Views: 130 Денес утрото ќе биде многу студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.Утре, сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд, информираат од УХМР.Минималните температури во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.
Охридската библиотека доби грант за реализација на 17 проекти
Post Views: 164 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа 2025 година конкурираше со 25 проекти а ќе добие близу 1 160 000 денари за реализација на 17 проекти во кои Министерството за култура и туризам го препозна националниот интерес.Во годишната програма за работа на Библиотека и годинава доминираат 15 проекти од библиотечната дејност. Радува фактот што Комисиите и министерот за култура Зоран Љутков препозна позитивен исчекор но и континуитет во дел од нив, вели в.д директорката на установата Христина Трпеска и додава:– Првиот проект манифестацијата Прличеви...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Вроден вертикален талус
Post Views: 163 ВРОДЕН ВЕРТИКАЛЕН ТАЛУС/ CONGENITAL CONVEX PES VALGUSMKБ-10 Q66.8ПРЕВАЛЕНЦА: 1/10 000 живородени деца.ВОВЕДВертикален талус претставува тешка деформација со ригидно рамно стапало, кај кое имаме дорзална дислокација на навикуларната коска и еквино-валгус на калканеусот. Преваленцата изнесува 1 : 10 000 новородени, подеднакво и кај машкиот и женскиот пол, обично билатерално, на двете стапала. Во 50 % од случаите, деформитетот е изолиран, додека другата половина е во склоп на некој синдром.ЕТИОЛОГИЈАПричините за настанување се неразјаснети....