Skip to main content

Автор: инфодеск

Неизвесно е враќањето на полските тур оператори за летната сезона 2026

Views: 248 Се наближува летната туристичка сезона, но се уште е  неизвесно  враќањето на полските тур-оператори, кои лани се откажаа од Охрид. Тие долги години носеа илјадници туристи со чартер-летови, кои директно придонесуваа за хотелскиот сектор и локалната економија. Со отворањето на новите редовни линии од европски градови, прашањето за чартерите останува се уште неизвесно.Туристичкиот сектор предупредува дека без чартер-линиите сезоната може да биде под ризик.„Еден од најважните столбови во туризмот и за опстојување на сезоната и на туристичкиот...

Продолжи со читање

Водовод Охрид

Поради дефект утрово без вода „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“ и бул. „Туристичка“

Views: 214 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „АСНОМ“ , „Никола Карев“ , „Галичица“ , „Карпош Војвода“ и бул.„Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Прекин вода

Денес прекин во водоснабдувањето на „Кленоец“ и „Српница“

Views: 200Од ЈП Водовод најавија дека поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на улицата „Кленоец“, денес од 08:00 до 14:00 часот без вода ќе бидат корисниците на наведените улици.

Продолжи со читање

Преподобен Лав, епископ Катански

Views: 182 Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали...

Продолжи со читање

Денес низ целата земја претежно облачно со слаб локален дожд

Views: 233 Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Денес во Охрид температурите во интервал од 4 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека за време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Утре ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен повик за организирање јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 3 

Views: 294 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02 и 202/24) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охри “ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска сочлен 27 став (5) и член 50 од Законот за урбанистичко планирање(„Сл.Весникна  РСМ“бр.32/20,111/23,  73/24,  171/24,  224/24,   40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Охрид, упатува: Јавен повик за организирање јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 3.Јавната презентација ќе се...

Продолжи со читање

Спортски ден во Велгошти

Views: 232 По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт.Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид.– Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики.Од дополнително значење е што овој спортски собир се одржува во...

Продолжи со читање

ЈП Водовод: Утре неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на „Кленоец“ и „Српница“

Views: 237 Од ЈП Водовод за утре најавуваат неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците од улиците „Кленоец“ и „Српница“.-Поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на улицата „Кленоец“, на ден 05.03.2026 година (Четврток) од 08:00 до 14:00 часот без вода ќе бидат корисниците на наведените улици, велат од претпријатието.

Продолжи со читање