Автор: инфодеск
Post Views: 279 Унгарската нискобуџетна компанија Визер од 9 март ја укинува линијата од Скопје за Будимпешта. Компанијата нема официјално известување зошто ја укинува оваа линија.Ова е седма линија што „Визер“ ја укинува од Скопје во последнaва една година. Во јануари годинава престана да лета за Салцбург и Бремен, а доцна есента 2024 година ги укина летовите до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. За Луксембург беше укинат кон средината на јануари минатата година после само два месеца летање.Министерството за транспорт кон крајот на декември 2023 објави нов јавен...
Од денес поевтинуваат над 1000 производи
Post Views: 247 Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. Намалувањето на цените е предвидено да трае до 30 април, а се очекува цените на производите опфатени со мерките да се намалат за најмалку 10%.Според владината одлука, на 5% се ограничува профитната маржа за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, на 10% за месо, шеќер, млечни производи, ориз и тестенини, а на 15% за...
Охридската библиотека ќе го збогати својот фонд со помош на читателите
Post Views: 189 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи, а со годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари за набавка на нови наслови од сите области.-Ви оставаме простор почитувани читатели и вие да се вклучите со ваши предлози на наслови кои сакате да ги набавиме поради нивната актуелност и квалитетна содржина, а ние според нашите можности ќе се обидеме да ги набавиме, се вели...
Денес започнува новата театарска сезона на охридскиот театар
Post Views: 257 Народен театар Охрид новата театарска сезона ја започнува денес со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Билетите по цена од 300 денари ќе бидат во продажба од понеделник, 17-ти февруари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на...
Се расчистуваат и дивите депонии во Трпејца
Post Views: 185 По иницијатива на Ј.П.,,Охридски Комуналец” заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери за расчистување на диви депонии во Трпејца.-Во координирана заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери – месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на Н.П. Галичица, денес се расчистија мапираните диви депонии на три локации во с.Трпејца. Со вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад, информираат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.
Свети Партениј, епископ Лампсакиски
Post Views: 158 Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам...
Утрото ведро, попладне сончево и студено
Post Views: 162 Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.Температурите во Охрид од -6 до 3 степени Целзиусови.
Гимназијалците денес ја даруваа својата скапоцена течност
Post Views: 170 Денеска, од 9-12 часот, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и Гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузија-Охрид.-Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.
Продолжуваат инвестициите во германската компанија Костал во Охрид
Post Views: 308 Продолжуваат инвестициите во гeрманската Костал во Охрид. И покрај големата криза во автомобилската индустрија странската инвестиција во земјава. продолжува со инвестиции раст и развојДосега се инвестираа повеќе од 100 милиони евра. Според менаџментот инвестициите ќе продолжат и во следните години а ке се отвораат и нови работни места. Само оваа година компанијата очекува раст за околу 50%.„Минатата година ја завршивме некаде со 140 милиони извоз, што значи дека ќе имаме раст потенцијално и над 50% споредено со лани. Соработката со институциите на...
Автопатот Охрид-Кичево ќе биде готов до крајот на идната година
Post Views: 257 Остануваат зададените рокови и динамика, до крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов, најави вицепремиерот Александар НиколоскиСекојдневно се решаваат проблемите од лошо проектираното автопатско поврзување чија траса, минувала низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација. Според Николоски изнајдено е законско решение што е во процедура на донесување, Дополнително ангажирани се странски експерти за...
Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница
Post Views: 173 Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница.-Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега. Последен пат одделот бил реновиран во 1978 год., а со овај зафат беше опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија, стои во соопштението од ЈЗУ Општа болница Охрид.Преку реализација на...
Кривична пријава за 30-годишно лице кој поседувал огнено оружје без дозвола
Post Views: 176 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од селото Требеништа, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа автоматска пушка, пиштол, ловечка пушка и повеќе куршуми со...