Skip to main content

Автор: инфодеск

Кога медицината подава рака на хуманоста: Со меѓународна поддршка започнува 8-мата сезона на „Ги запознаваме ретките болести“

Post Views: 199 Постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни. Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, на 1-ви февруари официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, испраќаат порака дека науката и човечноста не познаваат граници. Тие обоени дланки се ветување дека нашите пациенти не се сами во...

Продолжи со читање

Почина легендарната Сенка Велетанлиќ

Post Views: 219 –Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо, напиша вчера на социјалните мрежи нејзиниот син, Васил Хаџиманов, роден во бракот со Зафир Хаџиманов, легендата на македонската популарна музика.Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Почнала да пее во хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“, а во 1958 ги направила првите снимки за Радио Загреб. Дипломирала на Економскиот факултет, но решила да продолжи со музиката. Во 1960, на...

Продолжи со читање

нови клупи и столчиња

Денес почнува второто полугодие за учениците

Post Views: 191 Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.Министерката за образование и наука Весна Јаневска, им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. –Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!, наведе Јаневска....

Продолжи со читање

Охрид традиционално ќе го одбележи Денот на рибарите

Post Views: 182 Охриѓани денес традиционално ќе го одбележат Денот на рибарите на Сараиште, каде среќниот фаќач на Светиот крст и неговата тајфа ќе се искапат во водите на Охридското езеро.Капачите денес ќе го продолжат ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести. Денот на рибарите е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославувала со песни, ора и богати трпези, но охриѓани се сеќаваат и на моменти кога истата била...

Продолжи со читање

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Post Views: 154 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник.Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован...

Продолжи со читање

Стабилно време преку ден, врнежи од снег кон крајот на денот

Post Views: 171 Претпладне сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.Минималните температури денес во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во реката Црн Дрим

Post Views: 160 24 годишниот Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим. Тој беше најсреќен меѓу стотината капачи кои денес пливаа во ладните речни води на температура од 8 степени. Петар вели на Водици се капи од дете, а за прв пат го фаќа крстот.Прв пат го фаќам крстот. Секоја година скокам, можда од прва, втора година се капам стално. Здравје, среќа, љубов посакувам , да сме сите здрави и живи. Бог се јави, изјави Петар.Митрополитот дебарско кичевски Владиката георги по завршувањето на Богојавленксиот водосвет на...

Продолжи со читање

Фаќањето на Чесниот крст ја оживеа традицијата во охридско-струшкиот регион

Post Views: 245 Богојавление – Водици и оваа година беше одбележано со голема духовност и масовна посетеност низ целиот охридски регион. Традиционалното фрлање и фаќање на Светиот крст не се одржа само во Охридското Езеро, туку и во бројните села, каде што верниците со еднаква посветеност ја продолжуваат вековната христијанска традиција.И покрај ниските температури, голем број млади луѓе, но и повозрасни верници, храбро влегоа во студените води, водени од верата и желбата да го извадат крстот – симбол на здравје, среќа и благослов за целата година. Фаќањето на крстот уште...

Продолжи со читање