Автор: инфодеск
Post Views: 98 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во Белград е приведен Саит Саитов, осомничениот за прегазување жена во Скопје.– Вчера од страна на надлежните служби во Србија, известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското Министерство за внатрешни работи, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан што се случи во...
Ги запознаваме ретките болести: GRIN2B-поврзано невроразвојно нарушување
Post Views: 88 GRIN2B-ПОВРЗАНО НЕВРОРАЗВОЈНО НАРУШУВАЊЕ/GRIN2B-RELATED NEURODEVELOPMENTAL DISORDERMKБ-10 G93.4ПРЕВАЛЕНЦАПреваленцата е помалку од 1/100 000 население.ВОВЕДGRIN2B-поврзаното невроразвојно нарушување е исклучително ретка генетска болест со благо до изразено заостанување во развојот и интелектуално засегање кај сите пациенти. Кај одреден број пациенти присутни се и епилепсија, аутизам, нарушување на однесувањето, микроцефалија (мала глава), засегање на мускулите, меѓу кои и хипотонија и засегање на центарот за вид во мозокот. Со помош на...
Денес во Охрид „Солза и смеа” ќе ја претстават нивната најновата комедија – „Леле што ќе ти направам”
Post Views: 105 Денес во големата сала во Центарот за култура Григор Прличев „Солза и смеа” премиерно пред Охриѓани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Леле што ќе ти напрам“.Се очекува салата, како и изминатите години, да биде исполнета до последно место од бројните љубители на нивниот хумор. Овојпат, наместо стендап-шоу, публиката ќе има можност да проследи целосна театарска комедија во која настапуваат четири добро познати ликови од урнебесните „Солза и смеа“.Билети може да се резервираат на телефонскиот број 077/ 867-169.
Собор на Вселенските учители и светители Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст
Post Views: 88 Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но, овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го величаа светиот Василиј заради неговата чистота и храброст, други светиот Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по светиот Јован, заради неговата чудесна благоглаголивост и јасност во изложувањето на...
Денес променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и вечерва се очекуваат повремени врнежи од дожд
Post Views: 78 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.
„Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“
Post Views: 80 Од Министерството за култура информираат дека Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција, како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација.Со оваа награда, „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма што ги обедини класичната музика, театарот и современите уметнички форми.– Голема чест и особена...
Нова опрема во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница – Охрид
Post Views: 99 Биохемиската лабараторија при ЈЗУ Општа болница – Охрид доби нов интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи. Истиот, кој е прв од ваков вид во нашиот регион, претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем, со минимална потреба од рачна интервенција.– Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот...
Ги запознаваме ретките болести: Кокејнов синдром
Post Views: 82 КОКЕЈНОВ СИНДРОМ/ COCKAYNE SYNDROME/ NEILL–DINGWALL SYNDROMEMKБ-10 Q87.1ПРЕВАЛЕНЦА – непознатаВОВЕДКокејнов синдром е ретко заболување кое се карактеризира со абнормално мала големина на главата, неуспех за напредок во висина и тежина што доведува до џуџест раст и одложен развој. Заболените со ова нарушување покажуваат уникатни карактеристики на лицето, вклучително и вдлабнати очи, клунест нос и истакнати уши, а исто така доживуваат прогресивна деменција. Знаците и симптомите за оваа состојба обично се видливи уште од детството и тие се влошуваат...
Кривична пријава за 42-годишник од Струга, полицијата пронашла хашиш при излез од фабрика за производство на медицински канабис
Post Views: 110 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.– При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш, информираат од СВР Охрид.
Денес во Охрид премиерно ќе биде прикажан филмот „Приказната за Силјан“
Post Views: 123 Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан денес со почеток во 20.00 часот.Во филмот се говори за земјоделецот Николa кој притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди...
Со поддршка на ЕУ формирана Национална платформа за борба против еколошки криминал и злоупотреби на културното наследство
Post Views: 86 Од Царинската управа информираат дека со поддршка на Европската Унија, потпишани се Меморандуми за соработка со што е поставена основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.-Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и...
Во сабота започнува „Езерска бизнис лига“
Post Views: 193Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра и соработката помеѓу локалните компании и институции.На турнирот ќе настапат девет екипи од Охрид: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито Леб, Општина Охрид, ЛТХ Леарница и Макпетрол. Ораганизаторите најавуваат квалитетни и неизвесни натпревари, исполнети со фер-плеј и позитивна атмосфера.По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени...