Skip to main content

Автор: инфодеск

Close-up of a person's hand turning a chrome faucet handle in a modern bathroom setting.

Денес прекин во водоснабдувањет и во селата Трпејца и Љубаништа

Views: 95 Поради настанат дефект на електродистрибутивната мрежа, од 10:00 часот во прекин со работа се пумпните станици во селата Трпејца и Љубаништа.-Се додека не заврши отстранувањето на дефектот од страна на ЕВН Македонија, ќе има прекин во водоснабдувањето во селата Трпејца и Љубаништа, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Close-up of a person's hand turning a chrome faucet handle in a modern bathroom setting.

Поради дефект утрово без вода корисниците на дел од населба Рача

Views: 75 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, од раните утрински часови без вода се корисниците на дел од населбата Рача.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Views: 82 Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е...

Продолжи со читање

УХМР: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Views: 105 Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Денес во Охрид минималните температури од 9, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Почнува изградбата на Букојчани – Кичево, дел од планoт за автопатско поврзување на Скопје и Охрид

Views: 190 Денеска започнува изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, уште еден значаен инфраструктурен проект што треба да придонесе за целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, информира премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.Мицкоски истакнува дека со реализацијата на повеќе автопатски проекти се создаваат услови за побрз транспорт, поголема безбедност во сообраќајот, привлекување нови инвестиции и забрзан економски развој.„Со реализацијата на проектите Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево, ја...

Продолжи со читање

SPAR пристигнува во Охрид, светскиот бренд станува дел од животот на секое охридско семејство

Views: 170 Првиот маркет на меѓународниот малопродажен бренд SPAR во Охрид свечено ќе биде отворен во среда, на 14 октомври, во 14 часот, во Охрид Мол. Со отворањето, еден од најпрепознатливите меѓународни малопродажни брендови го продолжува своето ширење во Македонија, носејќи меѓународни стандарди, богат асортиман и нови можности за соработка со домашните производители.По влезот на македонскиот пазар во мај 2026 година, SPAR за кратко време се прошири во повеќе градови низ земјата, а сега на својата мапа го додава и Охрид. Со тоа, охриѓани добиваат нов избор за секојдневно...

Продолжи со читање

Октомври е месец на промотивни цени на повеќе биохемиски анализи во лабораторијата „Сонце“

Views: 139 Специјалистичката биохемиска лабораторија „Сонце“ од Охрид и во октомври со промотивни цени за корисниците на нивните услуги.Биохемиски анализи по промотивни цени:Calprotectin – 1.000 ден.AMH – 2.400 ден.Cortisol – 600 ден.Anti CCP Plus – 800 ден.Free PSA – 500 ден.MxA / CRP – 600 ден.Total IgE – 600 ден.Feritin – 500 ден.Transferin – 500 ден.Vit.D3 – 800 ден.Cardiac Tripl (Troponin, CK-MB, Myoglobin) – 950 ден.D-Dimer – 700 ден.Vitamin B12 – 1.200 ден.DHEA-S – 1.000 ден.UACR – urine, albumin, creatinin, ratio – 600 ден.anti TPO – 1.100 ден.Ординацијата „Сонце“...

Продолжи со читање

Панел за кариера утре во Црвен крст Охрид

Views: 116 Панел за кариера ќе се одржи на 13 октомври со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид. Настанот е во рамките на програмата за развој на младинско лидерство, „Млади лидери создаваат иднина“.Учесници во Панелот ќе се наши успешни сограѓани. Тие ќе зборуваат за својот кариерен пат и за своите професионални искуства, како и за знаењата и вештините потребни за да се успее во нивните професии, информираат од Црвен Крст Охрид.

Продолжи со читање