Автор: инфодеск
Post Views: 292 Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д....
Лажни е-меил пораки испратени од име на Фондот за здравствено осигурување
Post Views: 190 Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и...
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот во петок
Post Views: 222 Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во петок 29.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00...
Боксерите од БК „Алексо Огненовски” ги освоија бронзените медаљи на балканското првенство во Лозница
Post Views: 258 На неодамнешното балканско првенство во Лозница-Србија, боксерите од боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ на пиедесталот на најдобрите како освојувачи на бронзени медаљи.Димитар Ѓорески (јуниори 60 кг), Наум Стојаноски (младинци 71 кг) и Енис Алиу (сениори 71 кг) беа едни од подобрите во своите категории и се вратија со бронза.Наредно, боксерите од „Алексо Огненовски” ќе учествуваат на државното првенство кое ќе се одржи на 14. декември во Битола.
Привремено затворена депонијата Мауцкер
Post Views: 164 Депонијата Мауцкер привремено затворена заради градежните работи на автопатот Охрид-Кичево кај месноста ,,Св.Еразмо”.Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува граѓаните и правните субјекти дека депонијата Мауцкер e привремено затворена заради градежните работи на автопатот Охрид-Кичево кај месноста ,,Св.Еразмо”,
Товарен авион се урна во Литванија, не се исклучува можноста за тероризам
Post Views: 237 Рано утринава товарен ДХЛ авион се урна во близина на аеродромот во Вилниус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал.Според првичните информации, товарниот авион летал од Лајпциг. Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ Радио изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Тој изјавил дека авионот се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.Началникот на литванската полиција на прес конференција...
Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ, доаѓа на местото од Сања Лукаревска
Post Views: 216 Фани Каранфилова Павловска е избрана за нов заменик претседател на СДСМ.Сања Лукаревска, поранешната заменик претседател на СДСМ си поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз во мај. Функција заменик-претседател беше воведена во 2013 година, откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев, а првично ја вршеше Радмила Шекеринска.Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.– Таа е личност која ја познавам долго време и која цврсто верува во социјалдемократските вредности. Активно учествувала во граѓански организации,...
Запознајте го Дино, новиот крзнен пријател на патниците од Меѓународниот Аеродром Скопје
Post Views: 328 Дино е златен ретривер кој од вчера, 22. ноември, е гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје.Патниците кои чекаат да се качат на својот лет, можат да го погалат и да си поиграат со него.„Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет.“ – велат од ТАВ Македонија.Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и...
Земјите на ОН не можат да се договорат за намалување на загадувањето со пластика
Post Views: 200 Емисари од 175 земји се собраа во Бусан, Јужна Кореја, на петтата рунда преговори за постигнување меѓународен договор чија цел е да се намали загадувањето со пластика на планетата, но постојаните поделби фрлаат сомнеж дека договор е на повидок.Јужна Кореја е домаќин на петтиот и наводно последен состанок на Меѓувладиниот преговарачки комитет на ОН (INC-5) оваа недела, откако претходната рунда разговори во Отава во април заврши без јасен пат кон ограничување на производството на пластика.Разговорите во Бусан ќе се фокусираат на хемикалиите кои...
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст
Post Views: 140 Сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат од -2 до 11 степени Целлзиусови.
Управните служби на ОВР Струга во старата општинска зграда
Post Views: 358 СВР Охрид ги известува граѓаните дека, управните служби при ОВР Струга, се префрлени во просториите на старата зграда на општина Струга, на улицата „Маршал Тито“ во Струга и од утре (25.11.2024), отпочнуваат со редовна работа. Работното време на управните служби при ОВР Струга, останува исто-од 08 до 16 часот.
Денес ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ за Теодора
Post Views: 241 Денес ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ.„Присуството на овој меч ќе значи многу за нашата сограѓанка Теодора, бидејќи ќе биде поставена кутија за донации со цел нејзино успешно лекување. Поддржете го тимот и направете добро дело.“ – порачуваат од ФК Св. Троица.