Skip to main content

Автор: инфодеск

Mатностa на водата во Струга во дозволените граници, забраната сѐ уште на сила

Views: 244 Вчерашните анализи на водата во Струга за  прв пат по речиси еден месец покажаа матност во дозволените граници. Но на сила се уште е забраната за користење на водата од градскиот водовод. За да се укине потребно е три денови по ред анализита да ги исполнуваат безбедносните стандарди. Од Центарот за Јавно здравје за ТВМ велат ќе продолжат со секојдневни анализи на водата. Ќе се испитуваат својствата бидејќи неретко во водата беа затекнати и бактерии од фекалии.Во меѓувреме стружани се погласни. Адвокатот Григор Ќатоски јавно го отвори прашањето дали Владата треба да прогласи...

Продолжи со читање

Армиската менза во поранешната касарна ќе стане репрезентативен Младински културен центар

Views: 270 Поранешната армиска менза во рамки на касарната „Михајло Апостолски“ ќе се адаптира во функционален и репрезентативен Младински културен центар.Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект.Целта е да се избере најквалитетно современо архитектонско решение за адаптација на поранешната менза која се простира на површина од 1062 м² во простор каде...

Продолжи со читање

Со засадување дрвца Збогум Буково ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената

Views: 193 Со засадување дрвца во Холандскиот парк во Охрид еколошкото здружение Збогум Буково ќе го одбележи Празникот на жената, 8-ми Март.-Втора година го организираме настанот “Те сакам, за тебе засадив дрво”, поинаков начин на обележување на 8 март, интернационалниот ден на жената. Оваа година во соработка со Eko Fluid, Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и волонтери од #училиштабезпластика ќе се дружиме во Холандскиот парк во Охрид, најавуваат од Здружението Збогум Буково. Додаваат дека за дамите ќе има изненадувања, а за најмалите креативна еколошка...

Продолжи со читање

A customer receives a shopping bag at the store.

Најмногу слободни работни места има во услужни дејности и продажба

Views: 280 Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, според податоците од Државниот завод за статистика.Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и...

Продолжи со читање

473 македонски државјани побарале евакуација поради конфликтот на Блискиот Исток

Views: 239 Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, соопшти МНР.Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè...

Продолжи со читање

Проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor

Views: 366 Во рамки на програмата на Кино „Четврток”, во Охрид на 5 март 2026 година ќе се одржи проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor и креативниот однос меѓу две значајни авторски личности – Дарко Рундек и Срѓан Сахер.Филмот го следи процесот на создавање на култниот албум Treći svijet (1984) – едно од највлијателните музички изданија на поранешната југословенска сцена. Преку архивски материјали, сведоштва и повторно студиско обединување по четири децении, „Третиот свет” нуди интимен увид во креативната...

Продолжи со читање

Абдулјади Шазиманоски е новиот директор на ЈП „Еко Струга“

Views: 311 Од Општина Струга информираат дека градоначалникот Менди Ќура, го реализираше примопредавањето на мандатот на новиот директор на ЈП „Еко Струга“.На чело на јавното претпријатие застанува Абдулјади Шазиманоски, кој ја презема одговорноста за управување и унапредување на комуналните услуги, а на церемонијата на примопредавањето присуствуваше и поранешната директорка, Гордана Ѓорѓиоска Китаноска.-Општина Струга продолжува со јасни политики за зајакнување на локалните институции, зголемување на ефикасноста и гарантирање транспарентност во служба на граѓаните, се вели во...

Продолжи со читање

Свети Лав I, папа Римски

Views: 226 Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само...

Продолжи со читање