Skip to main content

Автор: инфодеск

Бојан Велевски и Марјан Георгиевски со заедничко стендап шоу на Антички театар: „Ова не е нормално“

Post Views: 11  На Антички театар во Охрид, во понеделник, на 4-ти август 2025 година, од 21:00 часот, комичарите Бојан Велевски и Марјан Георгиевски ќе се одржaт заедничко стендап шоу „Ова не е нормално“.– Тие ќе ги отворат сите теми кои секојдневно нè тераат да се запрашаме: Добро бе, дали некаде вака се живее? Ќе го кажат сето она што сите го мислат, но ретко кој го кажува гласно и ќе ви покажат зошто навистина ова не е нормално, велат организаторите.Најавуваат квалитетна продукција со осветлување, режија, сценографија и целосно нов материјал, специјално подготвен за...

Продолжи со читање

Се повреди малолетник при скок од малото пристаниште

Post Views: 10 На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди се здобил 15 годишно малолетно лице од Скопје. Истиот, со возило од Итната медицинска помош е префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

На 16-ти август ќе се одржи Охридски вински салон 2025 – „Над Езерото“

Post Views: 14 Во сабота, на 16-ти август 2025 година по втор пат ќе се одржи винскиот настан – „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2025.Канео Ресторан како промотор на винската култура, повторно ги сплотува сите најзначајни македонски винарии и дестилерии и го доближува македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика. Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти.Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални...

Продолжи со читање

Oтворена изложбата на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Post Views: 17 Oтворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци.После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а од 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.Изложбата го носи насловот Нурни во мене’’,а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска , виш кустос при Националната Галерија од Скопје. Критички...

Продолжи со читање

Петар Цеков и Сара Јанковиќ беа најбрзи на 46. издание на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 18 Петар Цеков од ПК „Вардар 2018“ од Скопје во машка и Сара Јанковиќ од ПК „Скопје“ во женска беа најбрзи на 46. издание на Илинденскиот пливачки маратон, што во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид, се одржа на празникот Илинден.Во категорија на пливачи 16+, Цеков патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја мина со време 28.04.16 минути пред Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 (29.30.02м.) и Теодор Тасевски исто така од ПК Вардар 2018 (35.10.12м.).Сара Јанковиќ беше најбрза во женска конкуренција со време од 30.44.12 минути...

Продолжи со читање

Голем број охриѓани и туристи го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на болести на црн дроб

Post Views: 20 Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светски ден за борба против хепатитисот, спроведуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.По тој повод, синоќа на градскиот плоштад во Охрид беше поставена мобилна единица каде голем број охриѓани и гости ја искористија можноста за бесплатно и анонимно тестирање за навремено детектирање на болести на црн...

Продолжи со читање

Во чест на големиот празник, синоќа во Велгошти се одржа манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“

Post Views: 10 Синоќа, пред спомен обележјето на Илинденците во селото Велгошти, се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ како дел од програмата за одбележување на големиот празник Илинден.Ноќва спроти Илинден гордо со крената глава славиме за македонскиот непокор за слобода и државност. Илинден е празник кој врзува две епопеи и еден идеал, за слободна и независна Македонија. Синови и ќерки се бореа сонот за слободна Македонија да стане јаве. Двата Илиндена 1903 и 1944 година се темелите на македонската држава, јазик и идентитет, истакна во своето обраќање...

Продолжи со читање

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“ наместо во предворјето на Света Софија ќе се одржи во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 12 Поради лошите временски услови на почетокот од следната недела, проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица наместо во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 5 август со почеток во 21 часот.Претставата што е дел од годинашниот драмски репертоар на „Охридско лето“ е во режија и адаптација на Радмила Војводиќ. Драматург е Божо Копривница, сценографијата е на Марија Калабиќ, а...

Продолжи со читање