Skip to main content

Автор: инфодеск

Приведена 30 годишна жена од Струга во Охрид, полицијата кај неа пронашла марихуана

Post Views: 257 На 21.11.2024 во 14.50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка”, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 30 годишна жена од Струга затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес ќе биде промовирана „Бакнежи на небото” – најновата македонска книга-сликовница

Post Views: 219 „Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.” Со ова мото, денес ќе биде промовирана најновата македонска книга-сликовница за деца, зимската приказна „Бакнежи на небото” на Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка”. Промоцијата ќе се одржи во културниот центар „Лабораториум”, со почеток во 18 часот. Промоторка на книгата-сликовница што веќе предизвикува голем интерес ќе биде универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, а во програмата активно ќе учествуваат и...

Продолжи со читање

Преподобна Матрона Цариградска Света Петка

Post Views: 176 Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители , Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона.Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со...

Продолжи со читање

Решение за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата

Post Views: 208 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, Правилникот за  начинот, критериумите и постапката за вклопување на предлог-идеи за програми, проекти и активности од областа на културата од интерес на општина Охрид, кои ќе станат составен дел од програмата за култура за 2025 година, бр. 09-12783/3 од 17.10.2024 година, објавениот Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на општина Охрид за 2025 година бр. 09-12783/2 од 17.10.2024...

Продолжи со читање

Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Post Views: 137 Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m²). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h) и врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места претежно во западните делови и ќе се формира снежна покривка.Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето...

Продолжи со читање

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху за воените злосторства во Газа и за лидерот на Хамас

Post Views: 244 Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри.Налозите за апсења на Нетанјаху и Галант се за извршени злосторства против човештвото и воени злосторства од најмалку 8 октомври 2023 година до најмалку 20 мај 2024 година, денот кога Обвинителството ги поднесе барањата за налози за апсење, се вели во соопштението од МКС. Истрагата на Меѓународниот кривичен суд опфаќа наводи кои датираат од војната во Газа во 2014...

Продолжи со читање

Владата усвои акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Post Views: 208 Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија, со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвои акциски со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции, согласно кој е подготвена наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање.Во рамките на оваа Наредба, се воведуваат следниве мерки:...

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ, урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена на дел од КП821/1 КО Косел

Post Views: 159 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12,93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22 ),Општина Охрид, на ден 15.11.2024 година, донесе ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ, УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Г2.1 – ЛЕСНА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА СО ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРОИЗВОДИ, ПОГОНИ И БАЗИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АСФАЛТ И БЕТОН,ОПФАT 1 НА ДЕЛ ОД КП 821/1 КО КОСЕЛ, ОПШТИНА ОХРИД....

Продолжи со читање

Ученици од Јахја Кемал гости во ТВМ по повод Светскиот ден на телевизијата

Post Views: 295 Денеска се одбележува Светскиот ден на телевизијата во чест на одржувањето на првиот Светски телевизиски форум во1996 година. Регионалната Телевизија ТВМ традиционално денот го одбележа отворајќи ги своите простории за ученици од охридко струшкиот регион. Годинава на гости во ТВМ беа дечиња од училиштето „Јахја Кемал“ предводени од наставничката Ана Џајкоска.Четврто одделенците во просториите на телевизијата имаа можност да го видат она со што предходно се запознавале во училишните клупи на креативната работилница посветена на телевезијата. Им беше...

Продолжи со читање

Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца започна со уредување на селата во општината

Post Views: 156 Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна со реализација на програмата  за уредување на Села во Општина Дебрца.Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници.Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од...

Продолжи со читање

Црногорскиот амбасадор Миљаниќ во посета на Општина Охрид

Post Views: 145 Новоименуваниот амбасадор на  Црна Гора во Република Македонија,  Н. Е. Зоран Миљаниќ во придружба на црногорскиот конзул Миодраг Андријашевиќ, вчера беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот  Кирил Пецаков се разговараше за зајакнување на економската соработка на Охрид со збратимените градови Будва и Котор, а се разгледуваа и можностите за воведување авио линија Подгорица – Скопје – Тиват и директна авио линија Подгорица – Охрид. Двете страни разменија мислења за реализација на заеднички културни активности и...

Продолжи со читање

Денес се празнува Св. Архангел Михаил

Post Views: 178 Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките...

Продолжи со читање