Автор: инфодеск
Views: 362 Ескалацијата на воениот конфликт меѓу Израел, САД и Иран веќе предизвикува сериозни потреси на глобалните енергетски пазари. Аналитичарите предупредуваат дека, доколку кризата дополнително ескалира, можно е цената да ја надмине психолошката граница од 100 долари за барел, поради стравувањата од прекини во снабдувањето, пренесува Ројтерс.Американската сурова нафта поскапе за околу 8 долари за барел, или 12 проценти, а во недела навечер, на отворањето на фјучерс тргувањето, достигна околу 75 долари. Брент, меѓународната референтна цена на нафтата, скокна за повеќе од 12...
Стружанката Ана Прентоска го освои 6. место на Светското првенство во Ергометар
Views: 305 Стружанката Ана Прентоска од ВК „Црн Дрим“ – Струга го освои 6. место во дисциплината 1000 метри, во конкуренција на 28 натпреварувачки кои успеаја да се квалификуваат во финалната група. Светското првенство во веслање на ергометар (2026 World Rowing Virtual Indoor Championships) беше одржано во организација на World Rowing.Ова престижно натпреварување се реализираше во виртуелен формат, каде веслачи од целиот свет настапија на Concept2 ергометри од своите клубови и тренинг центри, поврзани преку официјалната он-лајн платформа.На програмата беа дисциплините 1000...
Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски за резултатите во првите 100 дена од мандатот
Views: 226 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, сподели информација за сè што е реализирано и започнато во општината првите 100 дена од неговиот мандат.–Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати. Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот. Јас сум еден од Вас. Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање. Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина, напиша градоначалникот во објавата на социјалните мрежи.Сиљаноски наведе дел од резултатите што, како...
Нуркачки центар Амфора реализираше акција за чистење на дното на езерото од Сараиште до Пристаниште
Views: 217 НЦ Амфора успешно реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро, на потегот од Сараиште до Пристаниште.Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро, велат од нуркачкиот центар.Акцијата е поддржана од Општина Охрид.Со оваа акција НЦ Амфора го најавува проектот “ОХРИД ЕКО 2026” кој по 5ти пат ќе се одржи во месец мај, а кој претставува...
Предавање за малигните заболувања денес во Црвен крст Охрид
Views: 261 Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Превенцијата спасува животи“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.Во таа насока, Црвен крст Охрид организира предавање за малигните заболувања со акцент на рак на простата, кое ќе се реализира на 02.03.2026 (понеделник) со почеток во 11 ч., во просториите на Црвен крст Охрид. Предавач ќе биде Др. Јованчо Митрески вработен во Одделението за Урологија при Општа...
Денес е Светиот великомаченик Теодор Тирон
Views: 180 ,,Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска...
Денес променливо облачно со сончеви периоди
Views: 200 Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 15 степени Целзиусови.
Апел за помош за 10-годишната Ева од Охрид
Views: 37010 годишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични.Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ,...









