Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес вонредна седница на Советот за безбедност во Вила Водно по ескалацијата во регионот

Views: 293 По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денес закажа седница на Советот за безбедност.Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток

Продолжи со читање

Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен, прогласи 40-дневна жалост и започна нов бран одмазнички напади

Views: 324 Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата.Иранската влада прогласи 40-дневна национална жалост. Во соопштението, пренесено од агенцијата Тасним, Хамнеи е опишан како „мачeник во американско-израелските терористички напади“. Во текстот се нагласува дека тој повеќе од 37 години го водел Иран и „го носел знамето на Исламскиот фронт со храброст и вера“.Според...

Продолжи со читање

Денес сончево

Views: 236 Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и релативно топло време, освен во четврток кога насекаде ќе има послаби врнежи од дожд. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини.Денес во Охрид минималните температури од 0, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Православна недела

Денес се празнува Недела на Православието

Views: 261 Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните.Во денот на Торжеството на Православието го празнуваме исполнувањето на епохата на седумте Вселенски собори.На седмиот Вселенски собор бил возгласен догматот за иконите којшто ни говори дека Бог, станувајќи човек,...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Цитотоксичен Т-лимфоцитен антиген 4 хаплоинсуфициенција

Views: 261 ЦИТОТОКСИЧЕН Т-ЛИМФОЦИТЕН АНТИГЕН 4 ХАПЛОИНСУФИЦИЕНЦИЈА/ CYTOTOXIC T-LYMPHOCYTE ANTIGEN 4 (CTLA-4) HAPLOINSUFFICIENCYMKБ-10 D84.8ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 1/1 000 000 население.ВОВЕДCTLA-4 хаплоинсуфициенција е ретка генетска состојба која се карактеризира со делумен дефицит на CTLA-4 протеинот, кој игра клучна улога во регулирањето на имунолошкиот систем. Оваа состојба е предизвикана со мутација или делеција на една копија на генот за CTLA-4, што доведува до недостаток на функционален CTLA-4 протеин. CTLA-4 (цитотоксичен Т-лимфоцитен антиген 4) е молекула...

Продолжи со читање

Македонски просветители

Забрането запирање и паркирање на кружниот тек кај „Македонски просветители“ и кеј „Македонија“

Views: 215 Од СВР Охрид ги известуваат возачите на моторни возила дека на сила е активна забрана за запирање и паркирање патнички моторни возила на кружниот тек на пресекот на булеварот „Македонски просветители“ и кеј „Македонија“. Апелираат до возачите, да ја почитуваат мерката и насоките на полициските службеници.

Продолжи со читање

Тодорова сабота

Православните верници денес ја слават Тодорова сабота

Views: 212 Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните.Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на Бога во првата...

Продолжи со читање

Сончево со слаб ветер од југоисточен правец

Views: 251 Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Температурите во Охрид денес од минимални -1, до максимални 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање