Skip to main content

Автор: инфодеск

Хидробиолошки доби поддршка од МОН за проектот „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“

Post Views: 10 Охридскиот Хидробиолошки завод е дел од осумте јавни научни установи кои две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари.Дел од одобрените проекти од страна на министерството се и „Етимолошкиот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик, „Лексиконот на македонскиот фолклор“ на Институтот за фолклор, „Истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион“ на Институтот за духовно и културно наследство...

Продолжи со читање

Започнуваат чествувањата по повод 2 август – Денот на Републиката со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Лапидариумот

Post Views: 11 Денес започнуваат чествувањата на Општина Охрид која со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевциќе биде прикажана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо...

Продолжи со читање

Светиот маченик Емилијан

Post Views: 24 Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно, услови за краткотрајно невреме

Post Views: 10 Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 24 степени Целзиусови. Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Охридските карате-репрезентативци се вратија со 4 медаљи од Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација

Post Views: 33 Во период од 25 до 27 јули во Бургас, Бугарија, беше одржано Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација на кое претходеше врвен Карате семинар под водство на Светскиот Шеф Инструктор на ИЈКА Утсуми Такато Сенсеи.Од ИЈКА Македонија информираат дека нашата репрезентација се врати со освоени 4 медали:●Калина Георгиеска – сребро во Кумите јуниори категорија кафеави и црни појаси 12-13 години;●Евгенија Глигороска – сребро Кумите и бронза во Кати јуниори категорија кафеави и црни појаси 10-11 години;●Вера...

Продолжи со читање

Кај Калишта пронајдени висечки мрежи долги 400 метри со 157 парчиња белвица

Post Views: 7 На 30-ти јули 2025 година, во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.– Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за...

Продолжи со читање

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија

Post Views: 10 Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од Музичката младина младина.-Се работи за младински оркестар но со искусни музичари....

Продолжи со читање

Свикана шеесетата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 9 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.08.2025 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е...

Продолжи со читање