Автор: инфодеск
Post Views: 219 Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да нападне внатре во Русија, објавија различни медиуми, вклучувајќи ги Ројтерс, Асошиетед прес и Њујорк Тајмс. Тројца извори, запознаени со ова прашање, вклучително и двајца американски официјални лица, изјавија за Ројтерс во неделата дека Украина планира да изврши напади со долг дострел користејќи го оружјето во наредните денови.Во февруари 2025 година ќе се одбележи третата година од инвазијата на Москва на Украина, при што...
Околу 500 семејства во Охрид се борат со сиромаштија
Post Views: 155 Не се намалува бројот на сиромашни. Изминативе неколку години бројот на социјално загрозени семејства во Охрид е доста голем, се движи околу 500 семејства на кои им е неопходна помош. Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица и самохраните родители.Од 2000 до 2500 луѓе секојдневно се борат со глад, а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.„Опслужуваме голем број семејства, преку 500 во текот на годината кои имаат најразлични потреби, не се...
Утре ќе се одржи отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца
Post Views: 151 Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца утре, 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца. Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот...
Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба
Post Views: 174 По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);За ученици во средно образование (од прва до четврта...
Јавен оглас за поставување на рекламни паноа-билборди
Post Views: 164 Врз основа член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.05/02), член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр. 8/07……..15/20), член 80 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09……….111//23), со годишната Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид за 2024 година („Сл.гласник на општина Охрид бр.03/24) а во врска со Одлуката за утврдување на почетна цена за поставување на рекламни паноа-билборди и информативни табли на канделабри („Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 01/23), донесени...
Вечерва премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација
Post Views: 183 Вечерва во НУЦК „Григор Прличев“ во 20 часот ќе се одржи премиерата на „Земја на штркови“ на Театар Провокација.Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето...
Македонија ги порази Фарски Острови со 1:0 и ќе има скок за најмалку две места на УЕФА Лигата на нации
Post Views: 226 Вчера, на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Северна Македонија и Фарски Острови. Македонија на домашен терен со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.Според пресметките, Македонија на новата листа, која ќе излезе откако ќе завршат сите мечеви во овој ноемвриски циклус, ќе има скок за најмалку две места. Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга...
Стабилно време со ниски утрински температури
Post Views: 183 Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.
Вечерва нова „Импровокација“
Post Views: 212 Вечерва, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ охриѓани ќе можат да уживаат во театарската импровизација „Импровокација“.
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“
Post Views: 145 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Трипуновски: Охридско езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд
Post Views: 164 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со риболовните здруженија и риболовците од Охрид и Стругај. Целта е запознавање на риболовците со новата риболовна основа која што ја донесе владата.„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.Министерот посочи дека целото...
Патот Охрид – Ресен преку НП Галичица е затворен за сообраќај
Post Views: 181 Од вчера патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица како што соопшти ЈП Македонија пат е затворен за сообраќај за сите видови на возила.Вчера, 15 ноември стапи на сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ)