Skip to main content

Автор: инфодеск

Сиљаноски изврши увид во реконструкцијата на улицата кон „Св. Петка“ во Волино и најави обнова на Домот на култура

Views: 210 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информираше за извршениот увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“ заедно со претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои е разговарано за динамиката и квалитетот на реализацијата.– Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив и Домот на култура во Волино, кој ќе биде реконструиран во целост за потребите на жителите на селото, вели градоначалникот...

Продолжи со читање

Стружани ќе добијат пониски сметки за вода

Views: 210 Повеќе од половина месец стружани немаат питка вода. Анализите се уште покажуваат зголемена матност, таа не ги исполнува  безбедносните стандарди. Досегашните истрага загадувањето го поврзува со ископи во близина на извориштето Шум. Градоначалникот вели ќе бара одговорност, локалитетот околу извориштето не бил заштитен ниту ограден,  а  со години се вршеле ископи.– Нема таму со закон зона која е заштитена имаме побарано до владата да се донесе одлука да се заштити  таа зона треба физички да се огради не е оградено досега за жал....

Продолжи со читање

Тезги со цвеќе

По повод 8-ми Март, ЈП Градски Пазар издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе

Views: 208 По повод празникот 8-ми Март, ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги (10 тезги ) за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар) за период од 01.03.2026 до 09.03.2026.Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул. Туристичка бр.79.Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.Огласот трае до 01.03.2026 година.

Продолжи со читање

22 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Views: 297 Во авионска несреќа, што се случи пред 22 години, на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица. Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на...

Продолжи со читање

Ликовна творба

Јавен повик за литературен и ликовен конкурс за ученици од основните и средните училишта

Views: 265 Општина Охрид преку Советот за превенција на детско престапништво  и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата распишува Јавен повик за литературен и ликовен конкурс за ученици од основните и средните училишта.Општина Охрид преку Советот за превенција на детско престапништво и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата распишува:Литературен и ликовен конкурс на тема: „Безбедно на патот-сигурно до целта“ наменет заучениците од I до IX одделение. Цел: подигнување на јавната свест за сообраќајната култура ибезбедноста на децата во...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на манифестацијата „Спортист на годината“

Views: 320 Државниот првак по таеквон – до  Владимир Димитриевиќ  е спортист на годината за 2025 година.  Ова беше истакнато на манифестацијата  „Спортист на годината“ што вечерва се одржа  во големата општинска сала. Наградата му ја врачи градоначалникот Кирил Пецаков посакувајќи  да  му се множат спортски успеси и него и на останатите 16 добитници на награди.Во своето обраќање  пред присутните градоначалникот Пецаков посочи:– Во деновите кога ја достигнавме спортската зрелост, кога се радуваме на историската победа на охридските ракометари  кои ја издигнаа...

Продолжи со читање

Утре акција за собирање на текстилен отпад

Views: 221 Од ЈП Охридски Комуналец информираат за утрешната акција за одложување стара облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени во задниот двор на Охрид мол, дворот на Гимназијата, Економското училиште и ОЕМУЦ, како и дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ Пештани, и „Ванчо Николески“ Лескоец.–Запомнете дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн., се додава во соопштението од претпријатието.

Продолжи со читање

Денес е Преподобен Мартинијан

Views: 183 Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

Продолжи со читање