Skip to main content

Автор: инфодеск

„Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид

Post Views: 177 Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“.-Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот. Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во...

Продолжи со читање

Љутков ќе го соопшти проектот кој ќе не претставува на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

Post Views: 223 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната галерија – Даут-пашин амам ќе го соопшти проектот кој ќе ја претставува нашата држава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција.Годинашното издание на Биеналето на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

Продолжи со читање

Пренос на моштите на свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Post Views: 300 Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во...

Продолжи со читање

УХМР: Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 161 Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Температурите во Охрид од -3 до 4 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре најпрвин во планинските региони, потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на пониските места од повремен дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се...

Продолжи со читање

Државата ќе гради комерцијална зграда во Охрид по цена од 1.000 евра за м2

Post Views: 473 АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најави изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола, Скопје и Штип.Вицепремиерот Александар Николоски потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обидува да интервенира преку изградба на комерцијални станови. Во јануари Владата на седница усвои одлука дека 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за квадратен метар, 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар и 71 паркинг место по 500 евра за квадрат.„Моментaлно цената...

Продолжи со читање

Малолетниците што вандализираат јавни добра да вршат општокорисна работа

Post Views: 233 Вандализмот зема замав во сите општини. Охрид не е поштеден од уништување на јавните добра. Искршени клупи во парковите, канти за отпадоци, вандализирани детски игралишта, споменици. Ова е сериозен проблем што бара итна реакција.Во таа насока, Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните...

Продолжи со читање

Граѓаните се жалат на високите цени на угостителските услуги

Post Views: 182 Во постојан пораст цените на угостителските услуги. Инфлацијата, зголемените  трошоци и  порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето. Во главниот туристички центар во земјава цената на  едно кафе се движи од 120 до 250 денари, зависно од  близината на езерото, услугата и амбиентот, но во локалите  надвор од центарот цените се доста пониски.Најгласни за високите цени во кафулињата и рестораните  се охриѓани, често  критикуваат  и домашните туристи, но  за...

Продолжи со читање

Трамп сака Канада да биде 51. земја на САД

Post Views: 294 Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано во неделата изјави дека сака Канада да стане 51-та држава во САД.-Мислам дека на Канада би ѝ било многу подобро ако стане 51. држава, зашто ние губиме 200 милијарди долари годишно поради неа. Нема да дозволам тоа да се случува. Зошто да плаќаме 200 милијарди долари годишно, што е всушност субвенција за Канада, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.Идејата не е добро прифатена меѓу Канаѓаните. Премиерот Трудо кажа дека заканите од Трамп се реални, и се однесуваат на желбата на САД да добијат...

Продолжи со читање

Во Охрид има 15 скривници, дел се во солидна состојба, но дел потполно уништени

Post Views: 361 Во Охрид има 15  скривници, дел се во уредна состојба, но дел потполно уништени,  некои и поплавени под вода. Некои се депонии и дувла за отпад,  дел се  ограбени. Градот има капацитет за  засолнување на 2000 луѓе, а согласно  законот, кој налага да се има можност за засолнување на 30 % од жителите, во општина Охрид  потребно е да има скривници со капацитет за 15 000 жители. Што значи недостига простор за 13 000.Две од засолништата, кои се  затворени и херметизирани по сите стандарди  се во сопственост на ДЗС. Тие се во најдобра кондиција...

Продолжи со читање

Денес ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники

Post Views: 199 Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Дифузна капиларна малформација со прекумерен раст

Post Views: 173 ДИФУЗНА КАПИЛАРНА МАЛФОРМАЦИЈА СО ПРЕКУМЕРЕН РАСТ/DIFFUSE CAPILLARY MALFORMATION WITH OVERGROWTH (DCMO)MKБ-10 Q27.9ПРЕВАЛЕНЦАДифузната капиларна малформација со прекумерен раст најчесто се нарекува “дамка од вино”, која се јавува кај околу 0.5 % од населението.ВОВЕДДифузната капиларна малформација со прекумерен раст (DCMO) е подгрупа на капиларни малформации поврзани со хипертрофија, т.е. зголемена големина на телесните структури. Карактеристиките се комбинација на дифузни капиларни малформации и непрогресивен, релативно бениген регионален...

Продолжи со читање

Преподобен Ефрем Сирин

Post Views: 175 Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие....

Продолжи со читање