Skip to main content

Автор: инфодеск

Пролетно сонце и стабилно време

Views: 217 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.Од УХМР информираат дека до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Патување низ различни музички светови со осмомартовскиот концерт на „Охридско лето“

Views: 315 По повод 8. Mарт, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи свечен осмомартовски концерт со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот, кој ќе се одржи на 7. март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20 часот, ќе понуди богата стилска палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански и латиноамерикански музички колорит, создавајќи свечена атмосфера достојна за одбележување на празникот на жената. Влезот за концертот е слободен.„Овој концерт претставува музичка честитка за сите жени. Преку убавината на класичната...

Продолжи со читање

Охридската гимназија гради зелена иднина – селекцијата на отпад станува секојдневие

Views: 288 Учениците и професорите во ОСУ „Св. Климент Охридски“ заедно  континуирано и активно работат  на селекција на отпадот и градење еколошки навики кај учениците. Во училиштето се поставени специјални корпи за одвојување на пластика, хартија и метал и текстил, со што се овозможува правилно управување со отпадот уште од училишните клупи.Овој систем е дел од проектот Училишта без пластика, учениците стануваат свесни  за  значењето на правилната селекција. Преку директна комуникација и едукативен пристап, тие испратија јасна порака – грижата за животната средина започнува од...

Продолжи со читање

Кичево е Град на културата за 2026 година

Views: 321 Кичево е Град на културата за 2026, соопшти денес на прес-конференција министерот за култура и туризам Зоран Љутков.„Во текот на 2026, Кичево ќе биде сцена на бројни фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни вечери и културни настани. Ќе ги обединиме локалните творци со уметници од државата и од странство, ќе создадеме простор за младите таленти и ќе ја поддржиме креативноста како двигател на развојот“, изјави градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.Кичево за реализација на предвидената програма ќе добие поддршка од Министерство за култура и...

Продолжи со читање

Николоски: Отворени се 22 нови авионски рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Views: 256 Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во објава на социјалните мрежи денеска сподели дека аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.-Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионо, истакна Николоски.Тој посочи дека во период кој следи ќе продолжат со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот.

Продолжи со читање

Обвинителите бараат повлекување на измените на платите, предупредуваат на противуставност и економски притисок

Views: 195 Здружението на јавни обвинители реагира дека поради неспојливоста на функцијата нивната плата е единствен приход и воедно најниска во регионот, а според законот таа не смее да се намалува освен при дисциплинска одговорност. Тие бараат Собранието да ги повлече предложените измени со кои се менуваат коефициентите за да се спречи, како што се наведува, непропорционален раст на платите.Барањето за детално преиспитување на законските измени, Здружението на обвинители најпрво го темели на Законот за платите на јавните обвинители, според кој, платата на обвинителот не може да биде...

Продолжи со читање

Свр охрид

Три одделни интервенции на СВР Охрид: приведени насилник кој претходно ја нападнал сопругата, двајца агресивни млади и дилер на дрога

Views: 255 На 24 февруари 2026 година, во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24 февруари 2026 година, во 00:20 часот на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на возраст од 17 од 20 години, кои под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале...

Продолжи со читање

Струга Црн Дрим

Возел и покрај забрана – полицијата во Струга приведе 48-годишник и му го одзеде возилото

Views: 236  На 24 февруари 2026 година, во 09:40 часот на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 48-годишно лице од Струга.– При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето го управувало возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена...

Продолжи со читање