Автор: инфодеск
Post Views: 264 Потребна е национална стратегија за справување со пожарите. Големиот број катастрофални пожари кои ја зафатија земјава пред неколку месеци уште еднаш покажаа дека итно е потребно координирано и здружено делување од страна на надлежните институции. Потребно е и меѓудржавно зајакнување и на соработката со Албанија, за поголема заштита на НП Галичица.„Морам да кажам дека Бојан Михајловски од министерството за земјоделие со поддршка на Швајцарската амбасада спроведуваат веќе шеста работилница на која сум присуствувал изминативе две години изработуваат готов...
Големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски на 19-ти ноември во Охрид
Post Views: 261 На 19.11. во 20.ч во големата сала на НУЦК Григор Прличев, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.Насловот на турнејата е “За македонските работи”“Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување...
Од утре стартува задолжителната обврска за носење на зимска опрема во моторните возила
Post Views: 270 Од утре, 15 ноември, почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите од 6 милиметри или летни гуми со длабочина на шарите од...
Јапонија не ја укина смртната казна
Post Views: 230 Јапонската влада ја отфрли можноста за укинување на смртната казна, отфрлајќи ги повиците на домашни правни експерти за ревизија поради меѓународниот притисок да се прекинат егзекуциите.Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и свирепо злосторство. 16-члена комисија, вклучително и поранешен врховен обвинител, поранешен висок полициски функционер и академци, им предложи на Кабинетот и парламентот да се формира конференциско тело за да разговара дали да се задржи смртната казна.Комисијата, формирана во февруари со Јапонската...
Продолжуваат активностите на Здружението на лица со дијабет: денес ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните на плоштад „Крушевска република“
Post Views: 151 Денес на плоштад „Крушевска република“ во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните под мотото „Да му покажеме црвен картон на Дијабетес Тип 2 заедно“.Во хотелот „Милениум Палас“ од 17:00 часот ќе се одржи предавање на тема „Промени во очите предизвикани од нерегулиран дијабет и начини на лекување“ со д-р Виолета Бучкоска од Очната болница „Деница“, а во 18:30 ќе се одржи изложба на фотографии и рачни изработки на членови на здружението. Во 19 часот е предвидено да доделување на благодарници, а веднаш потоа во 19:30...
Утре ќе бидат промовирани едукативни прирачници за Вевчанските извори
Post Views: 222 Europe house Струга во соработка со еколошкото здружение Еко-Свест организираат промоција на едукативни прирачници за млади научници посветени на споменикот на природата – Вевчанските извори:-Eкпсериментално поле за млади научници. Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природа.– Игралиште за млади истражувачи. Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа.-Природата во очите на децата. Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во...
Денес се празнуваат бeсрeбрeници и чудoтвoрци Свети Кoзма и Дамјан – Свети Врачи
Post Views: 213 Православните верници денеска ги слават Светите Козма и Дамјан, господови лекари наречени и Свети бесребреници.Св. Кoзма и Дамјан Бeсрeбрeници и чудoтвoрци, браќа пo тeлo и пo дух, рoдeни нeгдe вo Азија, oд таткo нeзнабoжeц и мајка христијанка. Пo смртта на таткoтo, нивната мајка Тeoдoтија сeтo врeмe и труд им ги пoсвeтила на свoитe синoви да ги вoспита и да ги пoдигнe какo вистински христијани. И Бoг ѝ пoмoгнал, та нeјзинитe синoви израсналe какo двe слатки oвoшки и какo два свeтилника вo свeтoт. Билe научeни на лeкарска вeштина и бeсплатнo им пoмагалe на...
УХМР: Облачно со повремени врнежи од дожд, викендов времето ќе биде стабилно
Post Views: 148 Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето...
Се координираат надлежните од општините Охрид и Дебрца за зимско одржување на патиштата
Post Views: 150 Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.Целта на состанокот е координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, информираа портпаролот на СВР Охрид,...
Расте бројот на заболени од дијабет
Post Views: 202 Расте бројот на дијабетичари и во охридскиот регион, а се намалува старосната граница. Според проценките повеќе од 5000 луѓе од Охрид се лица заболени од дијабет, а Здружението на дијабетичари во Охрид засега брои 60 тина регистрирани членови. Меѓународниот ден за борба против дијабетот го одбележаа со едукативна работилница на тема „Донирај здравје” каде беа делени практични совети за граѓаните. Од Здружението велат треба да расте свеста, дијабетот е тивок убиец, не е ништо срамно и не терба да се крие.„Се поголем е...
Ангелов: Оваа зима снегот нема да нè изненадени
Post Views: 193 Државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите од снег, истакна денеска на прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој биле разгледани капацитетите за одржување на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани во зимски услови.„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно...
Во понеделник премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација
Post Views: 237 Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ...