Автор: инфодеск
Views: 279 Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат 75 годишен маж од Охрид.Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.
Почнаа подготовките за уривање на кулата „Вјесник“ во Загреб
Views: 336 Хрватската државна телевизија, ХРТ, објави дека зочнаа подготовките за отстранување на зградата на Вјесник уништена во пожарот минатата година.Во комплексот Вјесник утрово пристигнале багери и припадници на Хрватската армија, кои треба што поскоро да го запленат целиот мебел на Хрватскиот парламент што беше складиран таму. Исто така, утрово во Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот се одржал и координативен состанок, на кој, покрај изведувачот и стручниот надзор, учествувале и претставници на Градот Загреб. Според Тончи Главиниќ, претставник...
Општина Охрид објави конкурс за бесплатни курсеви за работно усовршување
Views: 258 Врз основа на члем 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 2/20) и член 34 од Статутот на Општина Охрид „Сл. весник на РМ“ бр. 8/7 и бр. 1/8) Градоначалникот на Општина Охрид објави конкурс за бесплатни курсеви за работно усовршувањеИнаку, курсевите се за профилите болничари/негувател на стари лица; сметководство – основно ниво (запознавање со сметководството, теорија и пракса); обука за компјутерски програми за канцелариско работење; странски јазици (англиски, германски); заварувачи и фризери.Потребните документи кандидатите треба да...
Пратениците денес ќе расправаат за предлог-законот за минимална плата
Views: 239 Минималната плата од 600 евра денеска е пред собраниска расправа, откако Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата е ставен на дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.Со предложените измени се предвидува минималната плата во Република Македонија да биде утврдена на 600 евра. Предлогот влегува во прво читање, што е прва фаза од законодавната постапка.Предлогот е подготвен и поднесен од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со голем број пратеници меѓу кои Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој...
„Збогум Буково“ со трето официјално барање за расчистување на дивата депонија кај „Марко Цепенков“ во кругот на болницата
Views: 227 Трето официјално барање покрај многубројните неофицијални достави инцијативата „Збогум Буково“ до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на болницата.–Општината има законска обврска за мапирање, расчистување и превенирање на сите диви “депонии” на нејзината територија. Постапувањето според оваа обврска во случај кога ѓубриштето се наоѓа на приватен имот е отежнато и според досегашното наше искуство скоро невозможно. Законот за управување со отпад го уредува ова многу прецизно и јасно во член...
Интервенција на водоводната мрежа, утрово неколку улици без вода
Views: 190 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Кленоец“ и „Македонски Просветители“, на потегот од пресекот со улицата „Дејан Војвода“ до пресекот со улицата „Абас Емин“.
Светиот маченик Георгиј Кратовски
Views: 191 На 11(24) февруари нашата Светата православна црква го празнува споменот на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа запален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.Житието вели дека Свети Ѓорѓи Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето отишол на кујунџиски занает, кој во Кратово во тоа време бил популарен поради рудниците. Набргу станал познат мајстор.Во тоа време турските власти собирале...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 214 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.Денес во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До...









