Skip to main content

Автор: инфодеск

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хемофилија А

Post Views: 181Хемофилија А претставува ретко генетско хематолошко нарушување кое се карактеризира со спонтани или продолжени хеморагии поради недостаток на фактор VIII, што доведува до недостаток или недоволно ниво на протеин во крвта, односно на фактор за коагулација. Крвавењето може да се јави спонтано или по настаната мала повреда. Лицата со хемофилија А крвават подолго време, а продолженото крвавење може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Оваа состојба се јавува исклучиво кај лица од машки пол, родени од мајки носители поради Х-поврзано рецесивно...

Продолжи со читање

Охрид и Македонија претставени на Саемот за туризам во Истанбул

Post Views: 228 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор, од 5-ти до 7-ми февруари 2025 година ги претставуваат македонските туристички потенцијали на Интернационалниот туристички саем „EMITT“ во Истанбул, Турција.– Македонскиот штанд привлекува огромен број на посетители, а беше остварена средба и со Фируз Багликаја, претседател на ТУРСАБ – Асоцијација на туристички агенции од Турција, информираат од АППТ.Од Агенцијата за промоција на туризмот додаваат дека ги презентираа туристичките можности и капацитети во Истанбул...

Продолжи со читање

132 години од смртта на Григор Прличев

Post Views: 218 На 6 февруари во 1893 година во Охрид почина Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година. Деновиве во Охрид, со низа активности се одбележува 132 години од смртта на големиот поет и преродбеник...

Продолжи со читање

Преподобна Ксенија

Post Views: 238 Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христоуподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала локална облачност

Post Views: 155 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.Денес во Охрид температурите од -2 до 8 степени Целзиусови.Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини особено долж Повардарието ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Вирозите ги полнат педијатриските амбуланти

Post Views: 182 Вирозите, грипот и настинките  ги полнат  педијатриските амбуланти.. Најчесто исти симптоми кај децата кашлица, температура, болки во грло, малаксаност  и бронхопневмонии.Лекарите велат, моментално е пикот на грипот. Силен бран на вирози и настинки, цели семејства болни. Дневно се случува да имаат по 60 прегледи.„Јас би спомнал од каде доаѓа називот грип од францускиот збор  што значи зграбува, на тој начин се манифестираат симптомите. Наеднаш со слабост, фебрилни состојби, болки во мускули, општа слабост поготово кај малите деца тоа е поалармантно....

Продолжи со читање

НУ „Охридско лето” доби 31 милион денари поддршка од Министерството за култура и туризам

Post Views: 215 Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари.Директорот на „Охридско лето” Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.„Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема музичко-сценска манифестација. Ова е значајна финансиска поддршка која ја добиваме од Министерството за...

Продолжи со читање

За 5,8% поскапени угостителските услуги во јануари годинава во споредба со лани

Post Views: 215 Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5.8 %, соопшти Државнито завод за статистика.Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0.2 %.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.3 %.

Продолжи со читање

Долга  е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган

Post Views: 176 Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Околу 20 тина лица чекаат донор на срце, 15тина  црн дроб и околу 150  лица бубрези. Повеќето се млади, а дел се и деца. Но,  свеста за органодарување е  ниска,  нема доволно донори.Здруженијата велат, потребни се измени во Законот за трансплантации во земјава, според кој за органодарување последниот збор го има семејството. Секој човек е потенцијален донор, што значи дека во случај на мозочна смрт, по автоматизам се смета...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Стероид-сензитивен нефротски синдром

Post Views: 192 Стероид-сензитивен нефротски синдром (ССНС) претставува ретка примарна гломерулопатија, односно бубрежно нарушување.Се карактеризира со голема загуба на протеини во урината (протеинурија), која пак, резултира со ниски нивоа на протеини во крвта (хипоалбуминемија), отоци и високи нивоа на холестерол.ПРЕВАЛЕНЦА – се смета дека проценетата фреквенција на овој синдром е 16 случаи на 100 000 живородени деца.ЕТИОЛОГИЈАПричините за ССНС не се сосема јасни, но се смета дека имунолошкиот систем има голема улога во развивањето на болеста. Дерегулација...

Продолжи со читање

ЕУ ги заострува правилата за купување од Temu

Post Views: 268 Европската комисија денеска треба да ја објави директивата со која ЕУ ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што преку платформите за е-трговија, стигнуваат до потрошувачите во Евроската унија. Одлуката ќе влијае на Тему, која е во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија ПДД Холдингс, како и на ултра-брзата модна компанија Шеин, основана во Кина, но со седиште во Сингапур. Овие трговци нудат екстремно ниски цени за стоките произведени во Кина.За време на строгите царински контроли ќе се проверуваат производите купени преку Интернет кои...

Продолжи со читање

Сончево и студено со температура до 7 степени

Post Views: 179 Во Охрид времето денес ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.Во Македонија следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, информираат од УХМР.

Продолжи со читање