Skip to main content

Автор: инфодеск

Во петок ќе се одржи панел дискусија за дивите депонии во Охрид

Post Views: 115 Збогум Буково организира панел дискусија на којашто ќе се дискутира за состојбата со депониите и предлог решенија за спречување на непрописното депонирање на цврст отпад во општина Охрид.Настанот ќе се одржи во петок 13-ти февруари, во ресторанот на кровот на хотел Су, а почетокот е закажан симболично во 11 часот и 55 минути.Ќе говорат Дарко Блинков, Инспектор за животна средина од Државен инспекторат, Вера Рауник Раководител на одделение за управување со отпад во општина Охрид, Емил Ангелов експерт за управување со отпад од Салар Интернешенел и Ѓоко...

Продолжи со читање

Пренос на моштите на свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Post Views: 130 Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во...

Продолжи со читање

УХМР: продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 73 Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 10 степени Целзиусови.Од УХМР потенцираат дека продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе...

Продолжи со читање

Градоначалниците Пецаков и Ќура на средба со врвот на УНЕСКО

Post Views: 148 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес и вчера беше дел од државната делегација на клучни средби во седиштето на УНЕСКО во Париз, што претставува значаен чекор за иднината на Охридскиот Регион. За првпат во историјата, градоначалник на Охрид оствари директна средба со Генералниот директор на УНЕСКО, г-дин Калед Ел-Енанис, а покрај средбата со Генералниот директор, делегацијата оствари средби и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал...

Продолжи со читање

Водата од градскиот водовод во Струга е забранета за секаква употреба

Post Views: 188 Водата од градскиот водовод во Струга е забранета за секаква употреба. Од Центарот за јавно здравје Охрид, нагласуваат граѓаните да не пијат вода од градскиот водовод ниту да ја користат за готвење и одржување лична хигиена.Проблемот се појавил во неделата попладне кога од чешмите почнало да тече заматена вода.Од Центарот за јавно здравје излегле на терен и биле земени мостри. Анализите покажале висока обоеност и заматеност на примероците со параметри и до 20 пати над дозволените 1,5%. Според Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена...

Продолжи со читање

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026 година

Post Views: 146 Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор.Конкурсот ќе трае до 5 март 2026 година, а право на учество имаат дебитантски книги на млади поети (до 35 години возраст во моментот на објавување на дебитантската збирка).-Кандидатите треба да испратат три копии од книгата со која конкурираат, најмалку седум песни од истата книга преведени на англиски јазик и кратка биографија на англиски јазик на поштенската...

Продолжи со читање

Втор ден студентите во домот „Никола Карев” во Охрид без  струја

Post Views: 83 Втор ден   Студентски дом „Никола Карев” во Охрид нема  струја.  Студентите среде зима без греење и без топол оброк. Ноќта ја минаа на свеќи.   Причината – три  неплатени сметки кон ЕВН, домот должи 1 700 000 денари.Директорот вели нема доволно приходи,  намален  бројот на  студенти, а партиципацијата е мала, само 3895 денари за сместување и два оброци.  „Имаме  мал број студенти. Партиципацијата што влегува на нашата сметка – и од Министерството за образование и наука и од студентите кои плаќаат...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Активиран фосфоинозитид 3-киназа делта (APDS)

Post Views: 86 AКТИВИРАН ФОСФОИНОЗИТИД 3-КИНАЗА ДЕЛТА СИНДРОМ/ACTIVATED PI3K DELTA SYNDROME (APDS)MKБ-10 D81.82ПРЕВАЛЕНЦА – овој синдром претставува ретка примарна имунодефициенција, со само 256 пријавени случаи на глобално ниво, погодувајќи ги подеднакво и двата пола.ВОВЕДСиндромот на активиран фосфоинозитид 3-киназа делта (APDS) е ретка, наследна состојба која влијае на начинот на кој функционира имунолошкиот систем. Постојат два типа APDS: APDS1 се должи на промени во генот PIK3CD и APDS2 се должи на промени во генот PIK3R1. И двата типа имаат слични...

Продолжи со читање

Решение за распределба на средствата за спорт и рекреација во Општина Охрид за 2026 година

Post Views: 117 Општина Охрид донесе Решение за распределување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2026 година за финансирање програми од Спортски клубови, Спортски здруженија, Спортски манифестации, Настани, Проекти, Спортисти,Тренери и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Утре на УИНТ „Св. Апостол Павле“ ќе се одбележи Меѓународниот ден на жените и девојките во науката

Post Views: 146  На 11 февруари се одбележува Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, воспоставен од Обединетите нации со цел промоција на родовата еднаквост и целосното учество на жените во науката, технологијата и иновациите.-Оваа година, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со гордост го одбележува овој значаен ден, продолжувајќи ја традицијата на организирање настани што ги истакнуваат инспиративните жени од академската заедница, дипломатијата, јавните институции, индустријата, како и од редовите на студентите и алумни...

Продолжи со читање

Апел за помош на семејството Ѓоршески од Велгошти чиј дом е оштетен по експлозија на плин

Post Views: 118 На социјалните мрежи е објавен апел за помош на семејството Ѓоршески од селото Велгошти чиј дом е сериозно оштетен откако на 6 февруари избувна пожар по експлозија на плин, при што беше повредена 44-годишна жена.– Почитувани пријатели, по неодамнешната несреќа во Велгошти, Охрид, семејстото Ѓоршески се соочува со тешки последици и има потреба од наша поддршка. Во вакви моменти најважно е да покажеме хуманост, солидарност и заедништво. Секоја донација, без разлика на износот, значи многу и помага во процесот на закрепнување и обновување, стои во објавата на...

Продолжи со читање

Галичица во фокусот на BBC News на српски: Меѓународно признание за природното богатство на националниот парк

Post Views: 100 Националниот парк Галичица се најде во фокусот на реномираниот меѓународен медиум BBC News на српски, кој објави приказна посветена на неговите исклучителни природни вредности, биолошка разновидност и значењето што овој простор го има на регионално и европско ниво.– Галичица продолжува да биде препознатлива по својата уникатна природа и посветеноста кон заштита и одржливо управување, велат од НП Галичица.-Галичица е дом на ретки растителни и животински видови. Покрај природните вредности, паркот содржи значајни културни споменици –...

Продолжи со читање