Автор: инфодеск
Post Views: 393 Отсекот за превенција при СВР Охрид, во детскaта градинка „Росица” во населбата „Лескајца” и централната детска градинка „Јасна Ристеска”, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец”.-Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба која на сите граѓани им служи, како вистински пријател и сервис на сите граѓани, да ја поттикнат...
Двајца охриѓани добија кривична за дивоградба во Велестово
Post Views: 309 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 и 52 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.-На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
Петнаесет рибокрадци откриле езерската полиција и Државниот инспекторат за земјоделие во текот на јануари
Post Views: 239 Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба.– Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и...
СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ дел од проектот за популаризација на воената професија
Post Views: 169 Проект за популаризација на воената професија вчера започна во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп.Средношколците беа информирани за можностите кои ги нуди воената професија од претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата.Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања младите имале можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од...
Сè поголем е интересот за угостителско туристичките струки
Post Views: 270 Расте интересот за угостителско туристичко образование. Главната причина се дуалните паралелки, кои се основа за подготовка на стручниот кадар. Угостителското средно училиште во Охрид е местото каде се образува најдефицитарниот кадар во земјава денес е современ образовен центар со сите услови.Објектот е комплетно реновиран, но најважно од се е што има кабинети и современа опрема за обавување на пракса што е клучно за дуалното образование, кое денес на младите им овозможува дирекно и брзо вработување, сигурна иднина но и солидни...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Дентиногенезис имперфекта
Post Views: 171 Дентиногенезис имперфекта претставува хередитарна аномалија на структурата на забите со најизразени промени на дентинот.Се јавува и во млечна и во трајна дентиција. Оваа аномалија се вика дентиногенезис имперфекта кога е придружена со остеогенезис имперфекта, а кога е самостојна како хередитарен опалесцентен дентин.ПРЕВАЛЕНЦА – дентиногенезис имперфекта е ретка аномалија на забите, се јавува 1-5/ 10 000 население.ИНЦИДЕНЦА – инциденца на појавување на дентиногенезис имперфекта е 1 : 8 000.ЕТИМОЛОГИЈАДентиногенезис имперфекта се...
Утре изменет возен ред на линијата Охрид – Горно Лакочереј
Post Views: 272 Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, од Општина Охрид ги известуваат граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред.Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен...
После 15 години целосно обновен хируршкиот инструментариум во општата болница во Охрид
Post Views: 217 Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари во ЈЗУ Општа Болница Охрид се обезбедени околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок.–Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа Болница Охрид, изјави в.д. Директорот Спец. Д-р Горан Маркоски.
Работна средба „Учи паметно-работи стручно“ денес во РЦСОО „Ванчо Питошески“
Post Views: 182 Денес во просториите на РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“. Настанот ќе започне во 13:00 часот.На средбата обраќање ќе има помошник раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Охрид, Јоне Станковски, додека презентација на позитивните искуства и образовните профили ќе имаат директорите на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Тони Андрески, на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески и на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски. Предвидена е и презентација на искуства од...
Прличеви беседи 2025
Post Views: 239 Богата програма за годинашната традиционална манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.Чествувањата ќе започнат среда 5 февруари 2025 година во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид во Изложбениот салон.Во 12:00 часот предвидена е Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ и настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, изведба на 1762 лето, како и обраќање на претставници од НУЦК “Григор Прличев”- Охрид и Општина Охрид. Ќе биде...
Македонија одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев
Post Views: 198 Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, повеќе делегации од земјава, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.Гоце Делчев е роден на 4 февруари...
Спомен на Светиот апостол Тимотеј
Post Views: 235 Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го...