Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со слаб јужен ветер

Views: 179 Претпладне облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец.Денес во Охрид минималните температури од -2, а максималните до 12 степени Целзиусови.Од денес следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Епителоиден хемангиондотелиом

Views: 190 ЕПИТЕЛОИДЕН ХЕМАНГИОЕНДОТЕЛИОM (ЕХЕ)/EPITHELIOID HEMANGIOENDOTHELIOMA (EHE)MKБ-10 D48.1ПРЕВАЛЕНЦАСе јавува кај 0,01 % од популацијата, односно кај 1 лице на секои 1 000 000 низ светот. Секоја година во САД се дијагностицираат околу 90 случаи. Поради потешкотиите кои се јавуваат при дијагностицирањето на оваа болест, се претпоставува дека реалниот број на заболено население е многу поголем.ВОВЕДЕпителоидниот хемангиоендотелиом (ЕХЕ) е редок тумор кој се карактеризира со солитарна лезија во површинското или длабокото меко ткиво на екстремитетите. Најчесто потекнува од мала...

Продолжи со читање

Во петок ќе се одржи 7. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 189 Седмата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на 27.2.2026 година (петок) со почеток во 9:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 5-та седницаи Записникот од 6-та седница1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2026 година.2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за...

Продолжи со читање

Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2026“

Views: 231 По повод големиот верски празник Велики Поклади Прочка, традиционално и оваа година во охридското село Велгошти, се одржа маскенбалот „Емшири 2026“. Истиот се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров“, во организација на Месната заедница на селото Велгошти, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, беа обезбедени симболични подароци-‎Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се најголемите...

Продолжи со читање

Прочка

Денеска е Прочка – Велики Поклади

Views: 238 Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од...

Продолжи со читање

Утре во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2026″

Views: 217 Утре по повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″.Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид.-За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште „Тодор Александров”.

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Алкаптонурија, болест на црна урина

Views: 223 АЛКАПТОНУРИЈА/ БОЛЕСТ НА ЦРНА УРИНА/ALKAPTONURIA/ BLACK URINE DISEASEMKБ-10 Е70.2ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1/250 000 живородени деца до 1/1 000 000 кај одредени етнички групи.ВОВЕДАлкаптонурија е многу ретко генетско заболување кое се наследува автосомно-рецесивно, па затоа кај многу индивидуи се јавува асимптоматски со тоа што и самите не се свесни за својата состојба сè до периодот на зрелост. Пациентите немаат доволно функционални нивоа на ензим потребен за разградување на хомогентизичната киселина, со што доаѓа до појава на темна (црна) урина....

Продолжи со читање

Агенција за храна и ветеринарство лого

Уништени илјада килограми небезбедна храна од објекти за производство и промет со здрава храна

Views: 198 Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна.Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата, информираат од АХВ.За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност.-Кај 9 оператори...

Продолжи со читање