Автор: инфодеск
Post Views: 161 Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 6 степени Целзиусови.Утре особено долж Повардарието и во источните делови ќе засилува северен ветер. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и...
Филип Кузмановски е петти најдобар стрелец на Светското првенство
Post Views: 271 29-то Светско првенство и официјално заврши, а Данска заслужено го доби 4тиот златниот медал , каде во финалето ја совлада Хрватска со 26-32. Македонската репрезентација заврши на 15-место, каде за малку не се пласираа пласман во 1/4 финалето. Ракометарите покажаа дека играат храбро и борбено, и дека се подготвени за нови и повисоки достигнувања.Матијас Гидсел, данскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на СП, а воедно е и најдобар стрелец на турнирот со 74 голови од девет одиграни натпревари (74/107). На второто место на листата на...
Разбиена криминална група за фалсификување пари во Македонија и Србија
Post Views: 227 На 2 јануари 2025 година е реализирана голема меѓународна истрага координирана од ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства. Во акцијата е сузбиена организирана криминална група инволвирана во фалсификување и пуштање во оптек на лажни пари на териториите на повеќе држави. Истрагата утврдила дека од крајот на 2023 година до февруари 2025 година групата, составена од македонски и српски државјани, изработувала фалсификувани пари во специјално опремен стан во Скопје. Со помош на машини со гравирани плочи, кои...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион 2025: Комплетен атриовентрикуларен септален дефект
Post Views: 169 Комплетен атриовентрикуларен септален дефект (CAVSD) претставува вродена срцева маана која се карактеризира со абнормален развој на септумот и валвулите помеѓу преткоморите и коморите на срцето. Во нормални услови, оксигенираната и деоксигенираната крв меѓусебно не комуницираат. Кај КАВСД постои отвор кој овозможува нивно меѓусебно мешање, со што се оневозможува извршување на физиолошките функции на кардиоваскуларниот систем. Во зависност од големината на атриовентрикуларниот септален дефект, ќе варира симптоматологијата на болеста со различен степен на...
Започнаа уписите за пролетниот циклус на „Полетарче“
Post Views: 161 Црвен крст Охрид информира дека започнуваат со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби,...
Спасен повреден планинар со скршеници на ногата во кичевско Лавчани
Post Views: 249 РЦУК – Охрид, известува дека преку Едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава повреден планинар со скршеници на ногата, локација над с.Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево. Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, повреденото лице беше превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС – Кичево го превземаа повреденото лице и го пренесоа до специјализирана болница за...
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Охрид одржа Национален семинар за тренери и судии
Post Views: 373 Саботата во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии, каде учество зедоја членови од клубовите на федерацијата.-После зимскиот распуст и празниците, и покрај зимските вируси, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси, можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани...
Серија земјотреси на Санторини, загриженост за потенцијално голем земјотрес
Post Views: 239 Денес училиштата во Санторини се затворени, а екипите за итни случаи се распоредени на вулканскиот грчки остров, откако сеизмичка активност предизвика загриженост за потенцијално моќен земјотрес. На жителите на островот им се советува да избегнуваат големи настани на отворено и да се држат настрана од четири мали пристаништа, вклучувајќи го и пристаништето Фира, кое главно опслужува бродови за крстарење.Од минатата среда повеќе од 200 земјотреси се почуствувани меѓу Санторини и Аморгос, најголемиот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Грчките...
„Браќа Манаки“ добитник на Специјалната награда за достигнување од Британските награди за кинематографија
Post Views: 235 По повод 45-годишнината од постоењето на Британските награди за кинематографија (BSC), Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ доби Специјална награда за достигнување.-Фестивалот Браќа Манаки е најстар фестивал посветен на уметноста на кинематографијата во светот. Основан во 1979 година, фестивалот е именуван по двајца пионери на киното, Јанаки и Милтон Манаки. Со независноста на Македонија во 1991 година, фестивалот прерасна во Меѓународен филмски фестивал, кој го слави светското кино и истакнува нови таленти, како пред така и зад камерата....
Преподобен Максим Исповедник
Post Views: 196 Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на...
Променливо облачно со слаб локален дожд
Post Views: 161 Променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.Температурите денес ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег и до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува. Во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има...
Охриѓанец возел под дејство на алкохол и се обидел да ѝ избега на полицијата
Post Views: 183 На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото.– Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол поради што е исклучен од сообраќај и ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат...